30/04/2023
Двете младински селекции со пласман во 1/4 - финалето во своите генерации.
Генерацијата до 18 години со последната победа против екипата на Баскет Дино, успеаа да обезбедат пласман во 1/4 - финалето и 2-ро место на табелата во групата Б позади екипата на Феникс Баскет.
Помладата генерација до 16 години во последното коло ја совлада екипата на ТФТ и со тоа го завери својот пласман на 2-рата позиција во групата Б, зад екипата на Пелистер.
Честитки до нашите играчи и тренерот Андреа Стојановски за остварениот успех во своите групи и пласманот понатаму.
Им посакуваме успех во 1/4 - финалните натпревари со можност за пласман на финалниот турнир каде што ќе се води битката за медал.