05/03/2026
Што всушност се случува зад вратите на местото каде што се следат земјотресите во Македонија? 🌍
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје е примарно место за следење и проучување на сеизмичките активности во државата. Освен важната научна работа, таа исто така нуди можност за запознавање со ризиците од земјотреси и со мерките за заштита на населението.
Во рамки на нивната програма „Музеј Сеизмолошка опсерваторија“, посетителите имаат можност да погледнат ретки видео материјали од некои од најразорните земјотреси, да се запознаат со интересни моменти од развојот на сеизмолошката служба кај нас и да дознаат како изгледа секојдневието на еден сеизмолог. Посетата вклучува и прошетка низ самата опсерваторија и разговор за тоа како се подготвуваме и како реагираме при земјотрес.
Како МДСФ имавме можност да ја посетиме опсерваторијата и да слушнеме дел од овие интересни информации. Вакви едукативни посети и предавања се достапни за сите заинтересирани.
Повеќе информации за посетите може да се најдат на нивната веб-страница.
https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/edu