26/08/2026
Денес ги презентиравме наодите од извештајот Disrupting Harm, првото истражување спроведено во нашата земја што го покажува обемот на сексуалната експлоатација и злоупотреба на деца со помош на технологијата.
🚨 Наодите повикуваат на итна акција:
• 1 од 10 деца на возраст од 12 до 17 години било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба со помош на технологијата во период од една година
• Во 78% од случаите, сторителот бил некој што детето го познавало
• Повеќе од половина од случаите биле поврзани со социјалните мрежи, а речиси една третина со онлајн-игри.
• И покрај тоа што повеќето деца му се довериле на некого, помалку од 1% побарале помош преку формалните системи.
Заштитата на децата во дигиталниот свет бара заедничка акција. Извештајот повикува на посилна законска рамка, подобри механизми за пријавување и заштита, поголема поддршка за децата и семејствата, како и побезбедни дигитални платформи.
Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme Министерство за труд и социјална политика Министерство за образование и наука/Ministria e Arsimit dhe e Shkencës Ministry of Digital Transformation Safe Online ECPAT International INTERPOL HQ UNICEF Europe & Central Asia UNICEF Office of Research - Innocenti