Institut Alternativa

Institut Alternativa Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Institut Alternativa, Education, BUlica Jane Sandanski 65, Skopje.

Европски Акредитиран Тренинг Институт за Системска Психотерапија (EAPTI)

Континуирана професионална едукација за системски психотерапевти

✨ Заедно градиме компетенции за подобрување на менталното здравје и благосостојба во општеството Институтот за Брак,Семејство и Системска Пракса-Алтернатива, ги спроведува следните програми:
1.Едукативни програми за стручни лица
2.Психоедукација за општа популација
3.Индивидуална, брачна и семејна психотерапија
4.Консалтинг за бизнис системи

06/08/2026

*САКАТЕ ДА СТАНЕТЕ ПСИХОТЕРАПЕВТ?*

Уписите во 1 година за системска и семејна психотерапија во Алтернатива се во тек!

Програмата е наменета за:

• Психолози, Психијатри, Лекари, Социјални работници, Педагози, Специјални едукатори и рехабилитатори, Советници и други професионалци од помагачките професии

**Направете го следниот чекор во вашиот професионален развој, уписите се во тек!

🟢 Европски акредитирана школа
🟢 Личен и професионален развој
🟢 Нова едукативна група 2026

📩Пријавување на: [email protected]

🌍 Голем чекор за глобалното унапредување на заштитата на децата и поддршката на родителството!Со голема радост ја сподел...
29/07/2026

🌍 Голем чекор за глобалното унапредување на заштитата на децата и поддршката на родителството!

Со голема радост ја споделуваме веста дека Parenting for Lifelong Health (PLH), заедно со Parenting for Child Protection Consortium, официјално го потпиша UNICEF Global Long-Term Arrangement for Services (LTAS) – глобален договор за обезбедување висококвалитетна техничка експертиза во областа на заштитата на децата.

Ова претставува значајно меѓународно признание за конзорциумот составен од 12 водечки организации и повеќе од 100 експерти од целиот свет, меѓу кои и НВО Алтернатива, кои заеднички работат на развој, имплементација и ширење на докажано ефективни програми и системски решенија за благосостојбата на децата и семејствата.

Особена чест ни е што НВО Алтернатива е дел од оваа глобална мрежа преку својата долгогодишна соработка со PLH и придонесува кон развојот и имплементацијата на програми за поддршка на родителството во Северна Македонија, Западен Балкан и пошироко.

Веруваме дека ова партнерство ќе отвори нови можности за споделување знаење, меѓународна соработка и зајакнување на системите за поддршка на децата и семејствата ширум светот.

Им честитаме на целиот тим на Parenting for Lifelong Health и на сите партнери во конзорциумот за ова извонредно достигнување! 👏💙

📢 Нова стратешка соработка за подобра поддршка на децата и семејстватаНа 10 јули беше потпишан Меморандум за соработка п...
24/07/2026

📢 Нова стратешка соработка за подобра поддршка на децата и семејствата

На 10 јули беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу СОС Детско Село Македонија | SOS Children's Villages Macedonia и Здружението за развој на хумани системи – НВО АЛТЕРНАТИВА.

Со ова партнерство ја поставуваме основата за заедничко унапредување на благосостојбата на децата, младите и семејствата преку развој на квалитетни услуги во областа на психо-социјалната заштита, промоција на позитивно и функционално родителство, јакнење на професионалните капацитети на давателите на психо-социјални услуги и заедничко застапување за поефикасен и поквалитетен систем на психо-социјална заштита.

Веруваме дека најсилната поддршка за секое дете започнува со зајакнување на семејството, професионалците и системот што стои зад нив. Токму преку здружување на нашите знаења, искуства и ресурси ќе создадеме нови можности за поддршка на децата, младите и семејствата и ќе придонесеме кон посилни, поотпорни и поинклузивни заедници.

Со нетрпение ги очекуваме првите заеднички активности. 🤝💙

#Соработка #СОСДетскоСело #НВОАлтернатива #ПсихоСоцијалнаЗаштита #ПозитивноРодителство #ПоддршкаНаСемејствата

Во рамки на четвртата година од едукацијата по семејна системска психотерапија се одржа работилница водена од Натка Пачо...
30/06/2026

Во рамки на четвртата година од едукацијата по семејна системска психотерапија се одржа работилница водена од Натка Пачоска.

Преку интерактивна работа, прикази на случаи и презентации, едукантите ги продлабочија своите знаења и вештини, продолжувајќи го процесот на професионален и личен развој. 🪄

Катица Стоименовска одржа работилница во втора година на тема „Концепт на резилиентност и резилиентно семејство“ 🌟Семејн...
30/06/2026

Катица Стоименовска одржа работилница во втора година на тема „Концепт на резилиентност и резилиентно семејство“ 🌟

Семејната резилиентност е способност на семејството да се справи со кризи, да се прилагоди на промените и да излезе посилно преку меѓусебна поддршка, отворена комуникација и заедничко користење на своите ресурси. 🍀

*САКАТЕ ДА СТАНЕТЕ ПСИХОТЕРАПЕВТ?*Уписите во 1 година за системска и семејна психотерапија во *Алтернатива* се во тек! *...
24/06/2026

*САКАТЕ ДА СТАНЕТЕ ПСИХОТЕРАПЕВТ?*

Уписите во 1 година за системска и семејна психотерапија во *Алтернатива* се во тек!

*Програмата е наменета за:*

• Психолози, Психијатри, Лекари, Социјални работници, Педагози, Специјални едукатори и рехабилитатори, Советници и други професионалци од помагачките професии

**Направете го следниот чекор во вашиот професионален развој, уписите се во тек!

🟢 Европски акредитирана школа

🟢 Личен и професионален развој

🟢 Нова едукативна група 2026*

Работилница во втора година на тема „Семејство во бегалство, раселени семејства, миграција, мултикултурелни семејни сист...
23/06/2026

Работилница во втора година на тема „Семејство во бегалство, раселени семејства, миграција, мултикултурелни семејни системи; Употреба на метафорите во семејната и системска психотерапија“ одржана од Катица Стоименовска.

Метафорите ни помагаат да го разбереме она што тешко се кажува со зборови. Тие отвораат простор за нови перспективи, подлабоко разбирање и можност за промена. 🌠

Зад секое бегалство стои приказна за загуба, адаптација и надеж. Разбирањето на овие искуства е првиот чекор кон вистинска поддршка.⏳

Честитки до нашите нови семејни системски советници! 🎉По долг, интензивен и исполнет викенд, заврши уште еден значаен че...
23/06/2026

Честитки до нашите нови семејни системски советници! 🎉

По долг, интензивен и исполнет викенд, заврши уште еден значаен чекор на патот на професионалниот раст. Беше викенд полн со учење, предизвици, посветеност и личен развој – искуство што ќе остане вреден дел од нивниот професионален пат.

Посебни честитки и благодарност до Натка Пачоска, која со голема посветеност и професионалност успешно ја исполни улогата на супервизор и тренер, овозможувајќи успешно реализирање на овој испит.

Им посакуваме многу успех, инспирација и сигурност во понатамошната работа!

Работилница во трета година на тема „Индивидуална психотерапија и работа со деца“ одржана од Габријела Бошков.📌 Работа с...
15/06/2026

Работилница во трета година на тема „Индивидуална психотерапија и работа со деца“ одржана од Габријела Бошков.

📌 Работа со деца
„Кога зборовите не се доволни, децата зборуваат преку играта, цртежот, фантазијата и однесувањето – наша задача е да научиме да го слушаме тој јазик.“ 🧸

📌 Индивидуална системска терапија
„Промената не доаѓа кога терапевтот нуди готови одговори, туку кога создава простор во кој клиентот сам открива нови значења и можности.“🪄

Address

BUlica Jane Sandanski 65
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 20:00
Tuesday 08:00 - 20:00
Wednesday 08:00 - 20:00
Thursday 08:00 - 20:00
Friday 08:00 - 20:00

Telephone

+38976457566

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Institut Alternativa posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Institut Alternativa:

Shortcuts

Share

Category