Faculty of Technology and Metallurgy in SKOPJE

Faculty of Technology and Metallurgy in SKOPJE Официјална Facebook страница на Технолошко-металуршки факултет Скопје
www.tmf.ukim.edu.mk

Добредојдовте на Технолошко - Металуршкиот факултет во Скопје


Организација

Технолошко-металуршкиот факултет има 6 институти и центар за трансфер на технологија.

Институт за неорганска технологија
Институт за органска технологија
Институт за текстилно инженерство
Институт за хемиско и контролно инженерство
Институт за екстрактивна металургија
Институт за преработувачка металургија

За вр

шење на стручните, стручно-административните и техничките работи, постојат стручни служби:

Служба за правни и персонални работи
Служба за финансии и сметководство
Студентска служба
Библиотека


ЛАБОРАТОРИИ

Технолошко-металуршкиот факултет, заедно со Машинскиот и Електротехничкиот припаѓа на комплексот факултети од технички науки. Тој располага со вкупен простор од 12000м2 од кои 9000м2 се главната зграда и анексот.

Студентските вежби за општо образовните предмети се одвиваат во повеќе лаборатории и тоа за:

општа и неорганска хемија
физика
инженерска техника
аналитичка хемија
органска хемија
физичка хемија
компјутерска лабораторија

Студентските вежби за повисоките години и научноистражувачката работа се одвиваат во повеќе помали лаборатории на поедините институти како што се лабораториите за:

Базно органско и полимерно инженерство
Прехранбена технологија и биотехнологија
Подготовка на минерални суровини
Неорганска технологија
Текстилно и конфекциско инженерство
Реакционо инженерство и сепарациони процеси
Мерење и автоматска регулација
Нафта и нафтени деривати
Преработувачка металургија
Екстрактивна металургија

💍 Мила Саздова, студентка од Технолошко-металуршкиот факултет денеска на Плаошник во Охрид го прими престижното признани...
04/09/2026

💍 Мила Саздова, студентка од Технолошко-металуршкиот факултет денеска на Плаошник во Охрид го прими престижното признание „Инженерски прстен 2026“, кое по 23. пат им оддава признание на најуспешните дипломирани инженери во земјава.

Меѓу 14-те најуспешни млади инженери, кои со своите исклучителни резултати во текот на студирањето се издвоиле како најдобри претставници на своите генерации, е и нашата студентка Мила Саздова. 🎓

Свеченото доделување се одржа на платото пред црквата „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, а на свеченоста се обратија претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Инженерската институција на Македонија, Андреј Лепавцов, и претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Дејан Метикош.

„Инженерски прстен“ го афирмира знаењето, стручноста и посветеноста на младите инженери и претставува поттик за нивниот понатамошен професионален развој, како и за нивниот придонес кон инженерската професија и општеството.

За Технолошко-металуршкиот факултет, успехот на Мила е особена чест и гордост и уште една потврда за квалитетот на нашите студенти и нивната подготвеност да бидат идни носители на инженерскиот развој.

❤️ Честитки, Мила!

Горди сме на твојот успех и ти посакуваме многу нови професионални предизвици, достигнувања и успеси!

02/09/2026

Студентите на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) при УКИМ - Скопје, практично применувајќи ги стекнатите знаењата, изработија уникатни производи - од студентск...

25/08/2026

МЕТАЛУРГИЈА. ПРОФЕСИЈА СО ИДНИНА.
🎓 ДВЕ ГОДИНИ ДО ПРОФЕСИЈА
Во тек се уписите на двогодишната професионална студиска програма МЕТАЛУРГИЈА на Технолошко-металуршкиот факултет – Скопје, дизајнирана заедно со експертскиот тим на МАКСТИЛ.
• 10 и 11.09.2026 II уписен рок
• 23.09.2026 III уписен рок
За само две години стекнете академски степен Инженер – металург, со можност за продолжување на образованието на четиригодишните академски студии по Металургија или Металуршко дигитално инженерство.
🔬 Студирајте таму каде што знаењето станува професија.

Почитувани идни студенти, Утрово започнаа уписите на Технолошко-металуршкиот факултет. Ве потсетуваме кои документи треб...
18/08/2026

Почитувани идни студенти,
Утрово започнаа уписите на Технолошко-металуршкиот факултет.
Ве потсетуваме кои документи треба да ги поднесете во службата за студентски прашања на ТМФ на 3 кат.
Нашата адреса е “Руѓер Бошковиќ“ бр.16 Скопје

Инженери-технолози и металурзи не се создаваат случајно – тие се градат со визија, знаење и континуирани инвестиции!Во и...
04/08/2026

Инженери-технолози и металурзи не се создаваат случајно – тие се градат со визија, знаење и континуирани инвестиции!

Во интервју за Факултети, деканот на Технолошко-металуршкиот факултет, проф. д-р Игор Јорданов, зборува за новиот развоен циклус на ТМФ, модернизацијата на студиските програми, соработката со индустријата и подготовката на инженери кои ќе одговорат на предизвиците на иднината.

👉 Прочитајте го интервјуто за да дознаете повеќе за визијата и идните планови на ТМФ.

Проф. д-р Игор Јорданов, декан на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во Скопје, има богато меѓународно, академско и научноистражувачко искуство. Како стипендист...

30/07/2026

Драги наши идни студенти,
Ве информираме дека електронското пријавување за упис на додипломски студии е започнато и трае до 19 август до 15 часот!

Горди на нашиот најдобар студент  Sazdova! Честитки Мила!
27/07/2026

Горди на нашиот најдобар студент Sazdova! Честитки Мила!

Прочитајте повеќе на линкот во коментар!

🌍📚 Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ од денес е дел од еден од најголемите меѓународни саеми за образование во Т...
24/07/2026

🌍📚 Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ од денес е дел од еден од најголемите меѓународни саеми за образование во Турција!

Како дел од делегацијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Технолошко-металуршкиот факултет од денес во Истанбул ги претставува своите студиски програми на англиски јазик, промовирајќи ги можностите за студирање на факултетот пред идните студенти од Турција и поширокиот регион.

Меѓународниот саем за образование во Истанбул обединува универзитети и високообразовни институции од повеќе од 30 земји и претставува една од најзначајните платформи за промоција на високото образование. Илјадници посетители имаат можност директно да се информираат за студиските програми, условите за упис, стипендиите и можностите за меѓународна академска мобилност.

Со своето учество, ТМФ активно придонесува во промоцијата на УКИМ како атрактивна дестинација за странски студенти и ја претставува својата современа понуда на студиски програми на англиски јазик пред меѓународната академска јавност.

Address

Ruger Boskovic 16
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Faculty of Technology and Metallurgy in SKOPJE posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Faculty of Technology and Metallurgy in SKOPJE:

Shortcuts

Share