Природно-математички Факултет

Природно-математички Факултет Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Природно-математички Факултет, College & University, Arhimedova 3, Skopje.

ПРОЧИТАЈТЕ ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО ВО СЕИЗМОЛОШКАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ ЗА ВРЕМЕ НА СКОПСКИОТ КАТАСТРОФАЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 26 ЈУЛИ ...
26/07/2026

ПРОЧИТАЈТЕ ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО ВО СЕИЗМОЛОШКАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ ЗА ВРЕМЕ НА СКОПСКИОТ КАТАСТРОФАЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 26 ЈУЛИ 1963 ГОДИНА

Сеизмолошката станица на Универзитетот во Скопје била единствената станица која работела во времето на скопскиот катастрофален земјотрес од 26 јули 1963 година. Во моментот на земјотресот, со неа раководел Драган Хаџиевски, професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Други вработени во тоа време биле геологот Панде Георгиевски и помошникот лаборант и чувар Ристо Глигоров, кој со своето семејство живеел во станбениот дел, нешто што било вообичаено за тогашните сеизмолошки институции. Меѓутоа, Панде и Ристо на 26 јули 1963 година биле на годишен одмор, па така за време на кобното утро во Скопје од стручните лица бил само Драган Хаџиевски, а во зградата на станицата – само родителите на Ристо Глигоров, Тимо и Софија.

Тимо и Софија на 26 јули 1963 година, во 5 часот и 17 минути биле разбудени од многу силен подземен удар, проследен со силна бучава. Веднаш потоа почувствувале и слушнале силни удари во надворешните ѕидови на станицата од одронатите варовнички стени на падината на Водно над неа. Таа, за среќа, не претрпела значајни оштетувања. Истрчале во дворот, каде биле сведоци на страшна глетка: наместо градот Скопје, во подножјето на падината на Водно се кревале големи облаци од прашина. Кога по некое време прашината се расчистила, здогледале урнати згради и куќи. Во целокупниот хаос, не ни забележале дека во моментот пристигнал раководителот, Драган Хаџиевски, кој со своето возило, со многу големи тешкотии, низ паниката и урнатините во градот Скопје, успеал да стигне до станицата. Опремата тогаш се состоела од два механички сеизмографа MAINKA, монтирани уште во првата половина на 1957 година, на начин да ги бележат движењата на тлото долж правците север–југ и исток–запад, и механички сеизмограф CONRAD, монтиран во февруари 1963 година, на начин да ги бележи движењата на тлото долж правецот север–југ. Драган констатирал дека сите три сеизмографи биле исфрлени од работа при ударот на силниот земјотрес. Со голема возбуденост, но и умешност, тој успеал, околу 38 минути по настапот на земјотресот, да го врати во работа сеизмографот CONRAD, а по околу 2 часа и 32 минути, и едниот од сеизмографите MAINKA. Со ова било овозможена континуирана регистрација на другите земјотреси настанати по силниот, што пак обезбедило натамошно издавање на Сеизмолошкиот билтен и на засебни извештаи, како и навремено информирање на населението заради преземање соодветни заштитни мерки.

Континуитетот на микросеизмичките набљудувања по силниот земјотрес што го обезбедил Драган Хаџиевски претставува, всушност, основен материјал за понатамошните обемни истражувања на скопското епицентрално подрачје од сеизмолошки и од сеизмотектонски аспект, но и особен пример за сите сеизмолози за несебичното стручно залагање и акција, утрото на 26 јули 1963 година.

16/07/2026

8️⃣0️⃣ ГОДИНИ ИЗВОНРЕДНОСТ, НАУКА И ОБРАЗОВАНИЕ

Оваа година, Природно-математичкиот факултет при УКИМ во Скопје одбележува значаен јубилеј: 80 години постоење – осум децении посветени на науката, образованието и создавањето генерации кои го менуваат светот. ✨✨✨

Од првите генерации до денес, Природно-математичкиот факултет останува место каде љубопитноста се претвора во откритија, а знаењето во иднина.

80 години извонредност. 80 години наука. 80 години образование. Продолжуваме понатаму со истата посветеност!

Секогаш кога има поројни дождови и поплави, се прашуваме дали можеби по нив нè очекува земјотрес. Погледнете го објаснув...
02/07/2026

Секогаш кога има поројни дождови и поплави, се прашуваме дали можеби по нив нè очекува земјотрес. Погледнете го објаснувањето од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ за тоа дали постои поврзаност меѓу поплавите и земјотресите.

--------------------------------------------------------
Оваа објава е дел од серијата под хаштагот #МитИлиФакт, со кои на едноставен и разбирлив начин ги разобличуваме заблудите или митовите во кои секојдневно се верува, а кои науката ги има побиено.

Во време кога информациите се шират брзо, а проверката на фактите е побавна, со оваа иницијатива сакаме да ја приближиме науката до јавноста и да поттикнеме на критичко размислување. Да се прашуваме, да проверуваме и да размислуваме!

26/06/2026

На ПМФ имаме лабораторија во која се клонираат растенија. Како изгледа тој процес и кои се практичните примени од овие лабораториски истражувања објаснува проф. д-р Оливер Тушевски од Институтот за биологија.

Видеото е дел од рубриката #СекојДаРазбере, во која вработените од нашите институти ги објаснуваат своите научни истражувања на едноставен начин. За #СекојДаРазбере

17/06/2026

На што се фокусирани и за што служат истражувањата од областа на политичката географија, супдисциплината која ги спојува сите знаења од хуманистичките и природните науки - слушнете од проф. д-р Горан Китевски од Институтот за географија.

Видеото е дел од рубриката #СекојДаРазбере, во која вработените од нашите институти ги објаснуваат своите научни истражувања на едноставен начин. За #СекојДаРазбере

Што мислите, дали при земјотрес земјата може да се отвори и „да голтне“? Објаснување ни даваат од Сеизмолошката опсерват...
16/06/2026

Што мислите, дали при земјотрес земјата може да се отвори и „да голтне“? Објаснување ни даваат од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.
--------------------------------------------------------
Оваа објава е дел од серијата под хаштагот #МитИлиФакт, со кои на едноставен и разбирлив начин ги разобличуваме заблудите или митовите во кои секојдневно се верува, а кои науката ги има побиено.

Во време кога информациите се шират брзо, а проверката на фактите е побавна, со оваа иницијатива сакаме да ја приближиме науката до јавноста и да поттикнеме на критичко размислување. Да се прашуваме, да проверуваме и да размислуваме!

Колку знаете за телепортацијата? Проверете што од тоа е вистина, а што мит од ова објаснување од Институтот за физика пр...
12/06/2026

Колку знаете за телепортацијата? Проверете што од тоа е вистина, а што мит од ова објаснување од Институтот за физика при ПМФ.

--------------------------------------------------------
Оваа објава е дел од серијата под хаштагот #МитИлиФакт, со кои на едноставен и разбирлив начин ги разобличуваме заблудите или митовите во кои секојдневно се верува, а кои науката ги има побиено.

Во време кога информациите се шират брзо, а проверката на фактите е побавна, со оваа иницијатива сакаме да ја приближиме науката до јавноста и да поттикнеме на критичко размислување. Да се прашуваме, да проверуваме и да размислуваме!

Колку често ја вриете водата за да ја исчистите? Дали мислите дека тоа е доволно? Од Институтот за хемија при ПМФ објасн...
08/06/2026

Колку често ја вриете водата за да ја исчистите? Дали мислите дека тоа е доволно? Од Институтот за хемија при ПМФ објаснуваат дали ова мислење е точно или погрешно.
--------------------------------------------------------
Оваа објава е дел од серијата под хаштагот #МитИлиФакт, со кои на едноставен и разбирлив начин ги разобличуваме заблудите или митовите во кои секојдневно се верува, а кои науката ги има побиено.

Во време кога информациите се шират брзо, а проверката на фактите е побавна, со оваа иницијатива сакаме да ја приближиме науката до јавноста и да поттикнеме на критичко размислување. Да се прашуваме, да проверуваме и да размислуваме!

Марко Карбевски е поранешен студент на Институтот за математика, а денес врвен истражувач во областа на математиката. Ка...
04/06/2026

Марко Карбевски е поранешен студент на Институтот за математика, а денес врвен истражувач во областа на математиката.

Како еден од нашите алумни за гордеење, тој ги сподели со нас своите впечатоци од студирањето на ПМФ, кариерните успеси и препораките за нашите сегашни и идни студенти.

#АлумниНаПМФ #СеГордеемеСоВас

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ЛЕТНАТА ПРАКСА „COKE SUMMERSHIP“ НА „ПИВАРА СКОПЈЕ“Доколку сте апсолвенти или имате запишано постдипломс...
03/06/2026

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ЛЕТНАТА ПРАКСА „COKE SUMMERSHIP“ НА „ПИВАРА СКОПЈЕ“

Доколку сте апсолвенти или имате запишано постдипломски студии, разгледајте ја можноста да се пријавите на оваа 5-неделна летна програма.

Под водство на лични ментори, „Пивара Скопје“ нуди можност за стекнување реално работно искуство во текот на летниот период.

Повеќе информации и пријавување - на линков: https://bit.ly/4vv789X

Address

Arhimedova 3
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Природно-математички Факултет posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Природно-математички Факултет:

Shortcuts

Share