11/12/2024
СХТМ - Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија
СХТМ е асоцијација на научниците и истражувачите кои се активни во хемијата, применетата хемија и технологијата и во образованието.
11/12/2024
27ми Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија
Од 25 до 28 септември во Охрид ќе се одржи 27миот Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија.
Особено сме горди дека на овогодишниот конгрес ќе бидат презентирании 200 трудови од над 550 автори и коавтори од истражувачки групи од Австрија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Италија, Косово, Црна Гора, Полска, Србија, Словенија, Шпанија, Романија и Русија.
На конгресот ќе учествуваат и истакнати пленарни предавачи и тоа не само од Македонија, туку и од Чешка, Данска, Италија, Србија, Шпанија и Велика Британија.
Дополнителни информации може да се најдат на официјалната веб страна: https://congress.sctm.mk/event/4/
22/09/2024
Покрај работниот дел посветен на подготовки за учество на следната олимпијада во 2025, дел од македонскиот олимписки тим имаше можност да се опушти со операта Набуко. Благодарност до Nacionalna opera i balet - National Opera & Ballet и оперскиот пејач Igor Durlovski за укажаната чест.
21/09/2024
Ноември – МЕСЕЦ НА НАУКАТА!
Истражувај, експериментирај и откриј нови светови!
- 23 ноември 2024 за учениции од основните училишта,
- 30 ноември 2024 за учениции средните училишта.
https://sctm.mk/noemvri-mesec-na-naukata-2024.htm
https://mesecnanaukata2024.weebly.com/10551088108011121072107410911074107211141077.html
Пријавување За учество на овој возбудлив настан, секој ученик и наставник треба да се пријави најдоцна до 20.10.2024 година ,...
По завршувањето на Вториот селекционен натпревар за учество на Меѓународната Јуниорска Олимпијада по природни науки (IJSO 2024), која што ќе се одржи во декември 2024 во Букурешт, Романија, одржан на 04.09.2024. на Природно - математичкиот факултет во Скопје, одреден е тимот ученици кои ќе ја преставуваат на Македонија на оваа олимпијада:
1. Мила Порјазоска ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром
2. Андреј Тасиќ ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром
3. Никола Стојковски ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром
4. Михаела Блажевска ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, Кисела Вода
5. Јаков Геговски ООУ „Јохан Х. Песталоци“, Центар
6. Валентино Атанасоски ООУ „Кочо Рацин“, Центар
На сите ученици им посакуваме голем успех!
ДФРМ, СХТМ, МБД
Почитувани ученици и наставници,
По успешно завршената 2024 година, СХТМ ги започнува активностите за следниот циклус селекциони натпревари за Македонската хемиска олимпијата и Интернационалните олимпијади по хемија.
Најдобро пласираните од секоја категорија на државниот натпревар 2024 (IX-то одд.; I, II и III година од учебната 2023/2024) добија покана по електронска пошта да се пријават за учество на подготовките и селекционите натпревари за составување тим кој ќе учествува на олимпијадите по хемија во 2025 година.
Доколку не добивте покана, а имате освоено I, II или III награда на државните натпревари, обратете се кај проф. Миха Буклески ([email protected]) најдоцна до 30 август.
Со почит,
СХТМ
Почитувани ученици и наставници,
Вториот селекционен натпревар за учество на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки 2024 година ќе се одржи на 04.09.2024 година (среда), со почеток од 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Повеќе информации можете да најдете на страната на СХТМ.
Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија По одржаниот Прв селекционен натпревар за учество на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки 2024 година, ги известуваме учениците кои освоиле пласман...
Почина Академик Бојан Шоптрајанов, учителот на многу генерации хемичари, научници и наставници по хемија!
На 10 август, 2024 година, во 87. година од животот, почина акад. Бојан Шоптрајанов, редовен член на МАНУ, кој целиот работен век го помина на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Беше еден од најактивните и најпродуктивните членови на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија. Покај организација на голем број научни собири, во 1973 година беше избран за прв главен и одговорен уредник на Гласникот на хемичарите и технолозите на Македонија.
Првиот број излезе пред точно 50 години според прифатените критериуми од тоа време на Documenta Chemica Yugosalvica. Во еден период беше и претседател на СХТМ.
Акад. Бојан Шоптрајанов беше погребан на Градските гробишта „Бутел“, во Скопје, на 11 август 2024 година, во кругот на неговото најтесно семејство.
По повод смртта на акад. Бојан Шоптрајанов, Македонската академија на науките и уметностите ќе одржи Комеморативна седница на 16 септември 2024 година, во 11:00 часот.
Вечна слава на учителот на многу генерации хемичари, научници и наставници по хемија! Остануваат неизбришливи сеќавањата на неговиот лик и дух, лекции и корекции, дискусии и досетки!
29/07/2024
Едно сребро и една бронза за македонскиот олимписки тим на IChO 2024
1. Иван Костевски, СОУ Гимназија ,,Славчо Стојменски", Штип
2. Елена Живаљевиќ, ПСУ "Јахја Кемал", Скопје
3. Петар Мирчевски, СОУ Гимназија "Мирче Ацев", Прилеп (сребро)
4. Марио Ванчоски, СОУ Гимназија "Славчо Стојменски, Штип (бронза)
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the school
Website
Address
Архимедова 5
Skopje
1001