24/04/2017
28 aприл е ден на глобалното движење наречено Pay It Forward. Се одбележува во 81 земја, меѓу кои, од оваа година, и Македонија. Целта на ова неверојатно движење е преку правењето на добри дела да му покажеме на светот дека се грижиме за добрината и љубезноста. Оваа година сакаме да инспирираме преку 10 милиони добри дела во целиот свет. Замислете ја разликата која што можеме да ја направиме! Да му покажеме на светот дека се грижиме за добрината и да ја подигнеме свеста за овој важен ден. Веруваме дека малите добри дела, кога се мултиплицираат од илјадници можат да го променат светот. На 28 април сакаме да го докажеме тоа.
Inner Wheel Club Skopje Europea е иницијатор на Pay It Forward во Македонија Доколку сакате да ни се приклучите во оваа глобална иницијатива следете не, за сите информации и актвности.
Да покажеме дека ние сме промената која сакаме да ја видиме во светот!
#верувамводобрина