13/03/2026
Готвач е лице кое подготвува храна во ресторани, хотели, училишта, градинки или дома. Нашите тетки Сузе и Вики знаат како да комбинира различни состојки и да направат вкусни и убаво сервирани јадења.
Што прават тие?
• подготвуваат различни јадења
• сечат,мешаат и готват состојки
• се грижат храната да биде вкусна и здрава
• ја украсуваат храната пред сервирање
• работат во кујна со различни кујнски алатки
Што користат?
• тенџериња и тави
• ножеви
• шпорет и рерна
• лажици и шпатули
• различни намирници (зеленчук, месо, зачини)
Какви особини треба да имаат?
• креативност
• трпение
• љубов кон храната
• чистота и организираност
13/03/2026
Можеби токму тука започнуваат идните соништа… 🌟 Во духот на Reggio Emilia, ги следевме детските идеи, затоа што детето не е само ученик – туку истражувач, мислител и создавач.
Родителите земаа учество, со нивна помош имавме гостин доктор, не шеташе низ Скопје туристички водич, го посетивме Дестан и дознавме како се прават фигури од гипс. Продолжуваме со прошетки и гости следна недела☀️
26/02/2026
Еден мал уметнички приказ од истражување на континентите и " Живиот свет во Атлантскиот океан "
23/02/2026
Денес го славиме роденденот на Лорис Малагуци учител, психолог и визионер во образованието.
Неговата филозофија е и нашата водилка.
Детето има „100 јазици“
Малагуци верувал дека децата учат и се изразуваат на многу начини – преку цртање, движење, игра, зборување, музика, конструирање, драматизација. Детето: има идеи, поставува хипотези, размислува логично,создава сопствени теории.
13/11/2025
Малите архитекти го планираа, цртаа и градеа Камениот Мост на нашиот град. Нашите Реџо дечиња 🤩
07/11/2025
Овој петок ве носиме во нашата Реџо магија 💫
24/10/2025
Самодовербата на малите деца е основата на нивниот емоционален, социјален и когнитивен развој. Таа претставува верата на детето во своите способности, во тоа дека може нешто да направи, научи, реши или изрази.
А еве како можеме да ја разбереме и поддржиме самостојноста кај најмалите💗
22/10/2025
Споделуваме наши Реџо моменти🦓 🧩 Што е Реџо проект?
Реџо проект е длабинско истражување на некоја тема што потекнува од интересот на децата.
Тоа не е „уреден план“ однапред, туку патување на откривање, кое воспитувачите го водат заедно со децата.
17/10/2025
Овој петок да се потсетиме што значи поставување на граници.
Зачувај го овој пост за да го читаш секогаш кога ти е потребен 🤗
17/10/2025
Toooлку многу скриени таленти за слатки и весели моменти 🥰