09/06/2023
Во периодот 1-6 јуни 2023 година, нашите членови Бојана Алексова, Никола Трајковски и Евгенија Калајџиева учествуваа на студентска размена со EGEA Marburg во Марбург, Германија. 🇩🇪
Ова патување беше огромно искуство за нашите членови географи, при што учествуваа во многубројни активности, меѓу кои кајакарење, планинарење, пикник, истражување на прекрасниот Марбург и неговите природни и културни геоатрактивности, посета на Географскиот факултет, разладување во езерото во близина на Марбург итн. 🌍
Покрај посетата на Марбург, германските домаќини организираа еднодневен терен во еден од најважните градови во Европа - Франкфурт. ✨
Оваа размена беше прекрасно и незаборавно искуство за нашите членови-географи. 🍀
Во блиска иднина, очекуваме студентите географи од Egea Marburg да не посетат во Македонија. 🇲🇰
08/06/2023
Вистината за проблемите на ИЗСГ Природник (EGEA Skopje)❗️
EGEA
21/11/2022
Реализирана on-line работилница на EGEA Skopje - Мултихазарди во сливот на Кратовска Река 🇲🇰️🌍
Вчерашниот ден (20.11.2022) го искористивме да реализираме on-line работилница заедно со нашите колеги географи од EGEA по повод Недела на географијата (Geography Awareness Week).
Своја презентација имаше претседателот на ИЗСГ „Природник“ (EGEA Skopje), Бојана Алексова, чиј фокус беше на гео-хазардите во сливот на Кратовска Река, добиени резултати од истражувањето и понатамошна идна конзервација. За време на работилницата имаше дискусија.
Оваа прилика искажуваме благодарност до колегата географ Андреи Пантир (Andrei Pantir) од EGEA, за техничката помош околу организирање на работилницата, како и до учесниците на оваа работилница.
🇲🇰️ 🌍
EGEA
20/11/2022
Тимот на Истражувачкото здружение на студенти географи оддржа состанок на 18.11.2022 година. :D
На состанокот, кој помина во пријатно расположение се дискутираше за досегашните реализирани активности, за нови планирани активности во иднина и останато.
До следна дружба,
Географски поздрав,
Бојана Алексова, Претседател на ИЗСГ „Природник“ (EGEA Skopje)
EGEA
20/11/2022
Во чест на недела на географијата (14-20 ноември 2022), ИЗСГ Природник (EGEA Skopje), изработи 5 факти за Македонија. 🇲🇰 🗺
For the Geography Awareness Week (GAW2022), EGEA Skopje will present you 5 facts about Macedonia 🇲🇰 🗺
EGEA
20/11/2022
🇲🇰 Учество на проектен семинар: „Искуствено учење за животната средина и климатските промени за наставниците по природни науки“. 🇲🇰
👉 Нашиот член Ардита Тоска, во периодот 31.10.2022-04.11.2022 година имаше можност да учествува на семинар со обука, како дел од проектот: „Искуствено учење за животна средина и климатски промени за наставниците по природни науки“.
👉 Целта на семинарот беше унапредување на вештините на наставниците од основните училишта за поуспешна интеграција на содржини за животната средина и климатските промени во наставата по предметите: природни науки, географија, биологија, хемија и физика од 5то до 9то одделение.
👉 Проектот е дел од програмата „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“
👉 Настанот беше организиран од страна на УНИЦЕФ (UNICEF), а финансиран од владата на Шведска.
👉 За време на повеќедневниот семинар, нашиот член имаше можност да присуствува на обука, која беше составена од предавања, интерактивни активности (експерименти), со цел да се поддржи образовниот процес во основните училишта.
🤝 Партнери на проектниот семинар: УНИЦЕФ (UNICEF), Биро за развој на образованието (БРО) и Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија.
EGEA
19/11/2022
Драги членови на ИЗСГ „Природник“ и љубители на географијата,
Во чест на одбележување на Неделата на географијата (Geography Awareness Week), која се одвива од 14 до 20 ноември оваа година, решивме да организираме настан.
За таа цел, утре (20.11.2022), со почеток од 19 часот, Ве покануваме на on-line презентација, од страна на претседателот на ИЗСГ „Природник“ (EGEA Skopje), Бојана Алексова.
Настанот ќе биде наменет за членовите на Природник, сите студенти географи и љубители на географијата.
Ве очекуваме во поголем број.
Географски поздрав,
Ваш ИЗСГ „Природник“
ЛИНК: https://us02web.zoom.us/j/82373967784?pwd=Q3k5ZlVIN3N3OFRBV25oa0ZRTjV5QT09
Meeting ID: 823 7396 7784
Passcode: 307722
EGEA
24/10/2022
За сите љубители на астрономски феномени.. Утре од Македонија ќе може да проследиме делумно затемнување на Сонцето. Настан кој ретко се случува, а уште поретко може да се набљудува од кај нас. 🌙🌌
Прочитајте ја новата статија на ИГЕО Портал подготвена од проф. д-р Ивица Милевски и Бојана Алексова
Утре не го пропуштајте делумното затемнување на Сонцето!
Утре, на 25 октомври 2022 година, ќе се случи делумно затемнување на Сонцето над поголемиот дел на Европа, а појавата ќе трае околу 2 часа. Истата ќе биде видлива и…
20/10/2022
🇲🇰🇺🇲 Учество на работилница: „Нелегална сеча на шумите во Македонија“. 🇲🇰🇺🇲
👉 Нашите членови (студенти географи) Евгенија Калајџиева и Никола Трајковски, на ден 17.10.2022 година (понеделник), имаа можност да учествуваат на интерактивна работилница на тема: „Нелегална сеча на шумите во Македонија“.
👉 Настанот беше организиран од страна на Американската амбасада во Македонија (U.S. Embassy North Macedonia), односно едукативниот центар American Corner Skopje.
👉 За време на работилницата, учесниците имаа можност да дискутираат со експерти од областа на шумарството, еколошката криминалистика, Меѓународната заштита на животната средина, како и со американскиот експерт Пол Хаф (Paul Huff), од шумската служба на САД.
👉 Се разменуваа различни ставови и мислења за заштита на шумите од нелегална сеча, превенција од подметнати пожари, кражба на дрва и сл.
👉 Оваа прилика искажуваме благодарност до нашите пријатели и соработници Exploring Society "Ursus Speleos" //\\ Истражувачко Друштво "Урсус Спелеос" за можноста ИЗСГ „Природник“ да учествува на овој едукативен настан.
🤝 Учеството на оваа работилница се искористи пред се за запознавање со проблемите на нашата животна средина, мониторинг и превенција од заштита.
18/10/2022
🇲🇰 Учество на работилница: „Индикатори кои го определуваат квалитетот на екосистемот за развој на социјалните претпријатија“. 🇲🇰
👉 Нашиот член Горјан Блажески во текот на денешниот ден (18.10.2022 година, вторник) имаше можност да учествува на интерактивна работилница на тема: „Индикатори кои го определуваат квалитетот на екосистемот за развој на социјалните претпријатија“.
👉 Работилницата беше организирана од страна на тимот на Младински сојуз (Млади Хаб) ERASMUS+.
👉 За време на работилницата, учесниците (студенти, млади активисти и др.) имаа можност да дискутираат и да прават анализа на индикаторите: Квалитет на живот, системи за поддршка, човечки капитал и финансирањето и финансиските ресурси.
👉 Се разменуваа различни ставови и мислења за креирање на нови идеи во областа на темата, се со цел да се даде понатамошен развој и финален продукт во методологијата за мерење на Екосистемите во склоп на социјалното претприемништво.
🤝 Учеството на оваа работилница се искористи пред се за вмрежување помеѓу ИЗСГ „Природник“ и Младински сојуз ERASMUS+, со цел поголема соработка.
14/10/2022
🎉 Издание на ИЗСГ „Природник“: Географите готват 🎉
📌 Драги пријатели, Ви го претставуваме изданието Географите готват „Запознајте го вкусот на Македонија“. Издавач е Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник“. Заедно со студентите географи се потрудивме да ја споиме географијата со традиционалната храна во некои делови од Македонија.
👉 Оваа прилика искажувам благодарност до сите членови кои беа активно вклучени во креирањето на оваа брошура изминатиов период, а посебна благодарност до Ивана Маневска, Александар Стојаноски и Емилија Бунарџиеска за нивниот несебичен придонес. Се надеваме ќе ви се допадне.
Бојана Алексова, претседател на ИЗСГ „Природник“
Издание на ИЗСГ „Природник“: Географите готват
Драги пријатели, Ви го претставуваме изданието Географите готват „Запознајте го вкусот на Македонија“. Издавач е Истражувачкото здружение на студенти географи .....