СУГС Гимназија „Панче Арсовски“ - Скопје

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • СУГС Гимназија „Панче Арсовски“ - Скопје

СУГС Гимназија „Панче Арсовски“ - Скопје High school

28/07/2026

👔 За првпат, бесплатни униформи за сите ученици во прва година од средните училишта!

🎓 Училиштето треба да биде место каде што младите ќе се натпреваруваат во знаење, труд и успех а не во тоа кој носи поскапа облека и чии родители имаат поголема финансиска моќ.

🫵 Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме мерка со која создаваме порамноправна, побезбедна и попријатна средина за сите ученици.

За првпат, секој ученик запишан во прва година во средните училишта ќе добие бесплатна училишна униформа.

✔️ Со оваа мерка ги намалуваме социјалните разлики, го олеснуваме финансискиот товар на семејствата и им овозможуваме на учениците целосно да се насочат кон она што е најважно - образованието, личниот развој и градењето на својата иднина.

Униформите ќе придонесат и за воспоставување еднаков и достоинствен кодекс на облекување, практика која со години се применува во голем број современи образовни системи.

✔️ Со низа конкретни мерки го претвораме училиштето во вистинска основа за знаење, успех и иден кариерен напредок.
Во средина во која секое дете ќе се чувствува прифатено, почитувано и еднакво, без разлика на економскиот статус на неговото семејство.

Затоа што вредноста на еден ученик не се мери според облеката што ја носи, туку според знаењето, карактерот и соништата што ги гради.

♥️ Влогот во најмладите е влог во иднината!

06/07/2026

♥️ Бесплатна психолошка поддршка за средношколци!

Почитувани,

🫵 нема поважна обврска од тоа да се грижиме за младите, за нивното ментално здравје, нивната безбедност, нивниот мир и чувството дека не се сами.

✔️ Живееме во време во кое младите често носат тивок товар.
Притисоци, стравови, несигурности, предизвици во училиште, дома или во општеството.
Понекогаш им е потребен само еден разговор, еден човек што ќе ги сослуша, едно место каде што ќе се почувствуваат разбрани.

🤝 Токму затоа започнуваме нов проект за бесплатна психолошка поддршка за средношколци на возраст од 15 до 19 години во Скопје.

📄 Проектот ќе се реализира преку две важни активности:

▪️Психолошко советување – бесплатни индивидуални сесии за емоционална поддршка, разговор, разбирање и стручна помош за младите.

📍Локации: Козле, Аеродром и Центар.

▪️Едукативни работилници – наменети за стручен кадар и родители од 23 средни училишта, со фокус на превенција од насилство, справување со зависности и унапредување на менталното здравје кај младите.

♥️ Ниту едно дете, ниту еден млад човек не смее да се чувствува сам, заборавен или оставен без поддршка.

👨‍🎓 Младите заслужуваат внимание.
Заслужуваат разбирање. Заслужуваат систем кој ќе ги препознае нивните потреби навреме и ќе им подаде рака кога најмногу им треба.

☎️ Информации и закажување:
+389 75 422 781

🫵 Носители на проектот:
Асоцијација „Гаспар“ и „Лумен“.

🫡 Продолжуваме да градиме Скопје кое се грижи, слуша и стои зад своите млади.

📢📢📢📢📢
22/06/2026

📢📢📢📢📢

16/06/2026

☀️ Организираме летен камп за учениците од средните училишта во Скопје

⛱️ Ова лето, Охрид ќе биде место каде нашите средношколци ќе учат поинаку, ќе размислуваат послободно и ќе создаваат нови пријателства и искуства кои се паметат.

🗓️ Од 19 до 31 август, организираме летен наставно-научен едукативен камп за учениците од средните училишта во Скопје.

🧑‍🎓 Знаењето е најголемата инвестиција во иднината, а нашата обврска е на младите да им отвориме што повеќе врати.
Да им дадеме простор да прашуваат, да истражуваат, да се натпреваруваат со идеи, да работат во тим и да веруваат во себе.

🫵 Кампот ќе понуди научно-истражувачки работилници, едукативни предавања, интерактивни дискусии, тимски проекти, културно-историски посети, спортски активности и многу содржини кои ќе ја поттикнат љубопитноста, креативноста и лидерскиот дух кај младите.

Но, најважно од сè, ова ќе биде место каде учениците ќе почувствуваат дека знаењето не е само оценка во дневник, туку сила што отвора пат, гради карактер и создава иднина.

♥️ Скопје мора да вложува во своите млади.
Затоа што токму тие се енергијата, идејата и иднината на нашиот град.

✔️ Учи. Истражувај. Создавај.

Горди сме на нашата ученичка Ана Јакимовска - Првенец на генерација 2022-2026 година. 🎓Честитки и многу успеси во иднина...
15/06/2026

Горди сме на нашата ученичка Ана Јакимовска - Првенец на генерација 2022-2026 година. 🎓
Честитки и многу успеси во иднина ! 🍀

Во рамките на МИО активностите, нашите ученици заедно со своите врсници од СУГС "8-ми Септември",изминатиот месец го пос...
05/06/2026

Во рамките на МИО активностите, нашите ученици заедно со своите врсници од СУГС "8-ми Септември",изминатиот месец го посветија на заедничка грижа за околината и животната средина.
Повторно со заеднички еко акции за чиста околина и здрава примена на еколошки органски ѓубрива учествуваа во собирање на отпад и правење на органско ѓубриво преку компостирање.Истовремено се дружеа и разменуваа искуства во заедничките активности и на тој начин го одбележаа и денешниот ден кој е поставен ширум светот како Светски ден на животната средина. Овој датум е воспоставен од Обединетите нации со цел да се поттикне глобалната свест и акција за заштита на животната средина.Во рамките на МИО активностите, нашите ученици заедно со своите врсници од 8 ми Септември,изминатиот месец го посветија на заедничка грижа за околината и животната средина.
Одговорен наставник:Ленче Спасовиќ

03/06/2026

🌟🙋‍♀️🙋‍♂️👏💃🕺🎓🍀🥁🎊💕

📚 Од училишните клупи до нови животни предизвици. Среќна матура, генерација 2022-2026 ! 🎓✨
02/06/2026

📚 Од училишните клупи до нови животни предизвици. Среќна матура, генерација 2022-2026 ! 🎓✨

28.05.2026год.Посета на нашите ученици на предисториската неолитска населба Тумба Маџари - археолошки локалитет каде уче...
28/05/2026

28.05.2026год.Посета на нашите ученици на предисториската неолитска населба Тумба Маџари - археолошки локалитет каде учениците можеа да ги видат уметничките и естетски вредности на материјалната и духовната култура на овој локалитет кој веќе е потврден во научните кругови.
Одговорни наставници:
Маријана Драгановска и
Ленче Спасовиќ

На 28.05.2026 год. учениците од нашето  училиште уште еднаш ја покажаа својата солидарност  преку  хуманитарна посета на...
28/05/2026

На 28.05.2026 год. учениците од нашето училиште уште еднаш ја покажаа својата солидарност преку хуманитарна посета на СОС Детско село. Оваа иницијатива, водена од младешкиот ентузијазам и желбата да се помогне, донесе многу насмевки, позитивна енергија и нови пријателства.
Како резултат на претходно организирана хуманитарна акција во училиштето, во која се вклучија учениците, професорите и родителите, за потребите на децата беа обезбедени и донирани зачувана и нова облека прилагодена за различни возрасти и парични средства кои ќе бидат искористени за поддршка на едукацијата и развојот на децата.

Address

Ulica 16 Makedonska Brigada Bb
Skopje
1000

Telephone

+38923173645

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СУГС Гимназија „Панче Арсовски“ - Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to СУГС Гимназија „Панче Арсовски“ - Скопје:

Share

Category