19/05/2012
Можеби не успеавме од училишната заедница да направаме чудо, но искрено сметам дека мрднавме од мртва точка, во иднина како идни генерации на училиштето направете го она што ние оваа година го почнавме.
Правете проекти, застапувајте ги вашите права и не ги пропуштајте шансите, направете Училишната заедница да продолжи да биде дел од процесот на донесување одлуки во училиштето.
Ви благодарам на соработката, како соученици и на професорите одговорни за училишната заедница кој неуморно беа позади секое наше барање.
И на крај, на сите ученици од IV година да им ја честитам матурата за која се надевам дека во понеделник ќе ја поминеме позитивно и без проблеми :)
Со почит,
Претседател на УЗ (во заминување)
М. Доревски