ООУ Кочо Рацин - Петровец

ООУ Кочо Рацин - Петровец Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ООУ Кочо Рацин - Петровец, Education, Skopje.

Трета обука за вработените за зајакнување на тимот! Развој на социјално емоционални вештини  - проект Star for life! Рад...
18/09/2026

Трета обука за вработените за зајакнување на тимот! Развој на социјално емоционални вештини - проект Star for life!
Радост, задоволство и енергија! Благодариме!

Учениците од II одделение преку низа креативни, едукативни и забавни активности го одбележаа Денот на независноста. 🎨📚❤️...
11/09/2026

Учениците од II одделение преку низа креативни, едукативни и забавни активности го одбележаа Денот на независноста. 🎨📚❤️

Низ игра, разговор, творење и заедничка работа, учениците се запознаа со значењето на овој важен празник и испратија порака за слобода, единство, љубов кон татковината и заедништво.

🇲🇰 Среќен 8 Септември – Ден на независноста! 🇲🇰
Одделенски наставници :
Валентина Јагуриноска
Катерина Талевска
Викторија Субашевска

🌟 Првачиња, среќно! Добре дојдовте во нашето училиште! 🌟Денес нашето училиште беше исполнето со детски насмевки, радост ...
01/09/2026

🌟 Првачиња, среќно! Добре дојдовте во нашето училиште! 🌟

Денес нашето училиште беше исполнето со детски насмевки, радост и возбуда – го одбележавме првиот училишен ден и почетокот на едно ново поглавје за нашите првачиња.

За нив приредивме топол пречек во училишниот двор, збогатен со приредба во која со своите настапи учествуваа учениците од второ до шесто одделение.

На првачињата и на присутните родители им се обратија директорката на училиштето, Виолета Јаневска, и градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, упатувајќи им искрени честитки и најубави желби за успешен почеток на учебната година.

Во училниците нашите првачиња ги пречекаа учебници, слатки изненадувања и подароци со училишен прибор, подготвени со многу внимание и љубов.

Посебна благодарност упатуваме до Тримакс и Кредисимо за нивната донација и поддршката со која придонесоа првиот училишен ден на нашите најмали ученици да биде уште порадосен.

Драги првачиња, ви посакуваме:

📖 да учите со љубопитност и радост;
🤝 да стекнете искрени пријателства;
🌟 да верувате во себе и во своите способности;
😊 секој училишен ден да ви биде исполнет со насмевки, дружење и убави спомени.

Нека училиштето ви биде место каде што секој ден ќе откривате нешто ново, ќе растете, ќе учите и ќе создавате прекрасни спомени!

Среќен почеток и успешна учебна година им посакуваме и на учениците од второ до деветто одделение! 🎒📚

Годината нека ви биде исполнета со многу нови знаења, успеси, нови предизвици и другарувања.

🌟 Среќна и успешна учебна 2026/2027 година! 🌟

29/08/2026
Убаво поминати моменти на вработените во Маврово! На оваа колегијална прошетка беа посетени  Бигорски Манастир, Шарена Џ...
26/08/2026

Убаво поминати моменти на вработените во Маврово! На оваа колегијална прошетка беа посетени Бигорски Манастир, Шарена Џамија во Тетово, а потоа следеше заеднички ручек во пријатна и релаксирачка атмосфера во Маврово!
Среќно! За многу нови заеднички успеси!

Обука за професионален развој на вработените од ООУ,,Кочо Рацин" Петровец! На обуката вработените имаа можност да стекна...
24/08/2026

Обука за професионален развој на вработените од ООУ,,Кочо Рацин" Петровец!
На обуката вработените имаа можност да стекнат знаења за развој на социјално - емоционални вештини т.н. ,,меки вештини".
Благодарност до обучувачката Катерина Попова Златановска за нејзината креативност на работилницата која што е дел од проектот Star for life!
Посакуваме успешна примена на стекнатите знаења и вештини во пракса!

Тим билдиг - обука за зајакнување на тимот! Денес во ООУ,,Кочо Рацин" Петровец, се одржа обука која што е подготвителна ...
18/08/2026

Тим билдиг - обука за зајакнување на тимот!
Денес во ООУ,,Кочо Рацин" Петровец, се одржа обука која што е подготвителна фаза од проектот Star for life, каде што вработените преку разни вежби и активности стекнаа вештини, знаења и се дружеа помеѓу себе. Во текот на следниот период овие активност за збогатување на знаењата и вработените ќе продолжат и натаму! Благодарност до обучувачката Катерина Попова Златановска!
Посакуваме многу успеси и среќа!

Кочо Рацин 22.12 1908 г. - 13.06.1943 г.Вечна слава на нашиот патрон!
13/06/2026

Кочо Рацин 22.12 1908 г. - 13.06.1943 г.
Вечна слава на нашиот патрон!

Денес нашите деветтооделенци затвораат едно значајно поглавје од своето детство и прават чекор кон нови предизвици и мож...
12/06/2026

Денес нашите деветтооделенци затвораат едно значајно поглавје од своето детство и прават чекор кон нови предизвици и можности. Гордост е да се биде сведок на вашиот раст, созревање и успеси низ годините поминати во нашето училиште.

Директорката Виолета Јаневска денес им ги додели свидетелствата на деветтооделенците, како и дипломата за ученик на генерација - првенец на ученичката Ева Таневска од IX одделение.

Нека свидетелствата што денес ги добивте бидат потсетник на вложениот труд, на убавите спомени и на пријателствата што засекогаш ќе ги носите во своето срце. Верувајте во себе, следете ги своите соништа и не плашете се да го изберете патот што ве прави среќни.

Ви посакуваме многу успех во средното образование, храброст да ги остварите своите цели и безброј причини за насмевка. Нека иднината ви донесе нови знаења, искуства и победи.

Во Iа одд. Клиниката за пластична хирургија и Септима ДООЕЛ,  при крајот на учебната година организираа кратко едукативн...
11/06/2026

Во Iа одд. Клиниката за пластична хирургија и Септима ДООЕЛ, при крајот на учебната година организираа кратко едукативно дружење со цел да ја подигнеме свеста кај децата за важноста од заштита од силните сончеви зраци.
Имајќи предвид дека во изминатиот период се бележи зголемена потреба од едукација за превенција и заштита на кожата, како општествено одговорна установа преку разговор и дружба на децата им пренесоа корисни информации за здравите навики и правилната заштита во текот на летниот период.
Децата покажаа голем интерес, активно учествуваа во дискусијата, поставуваа прашања и споделуваа свои размислувања и искуства од секојдневниот живот. Ни беше чест и задоволство да поминеме време заедно во една пријатна и позитивна атмосфера.Посебна благодарност до Армина, родителка на нашата ученичка за прекрасната организација,подароците и позитивната енергија.
Одговорен наставник: Катарина Талеска

Address

Skopje

Opening Hours

Monday 07:00 - 15:00
Tuesday 07:00 - 15:00
Wednesday 07:00 - 15:00
Thursday 07:00 - 15:00
Friday 07:00 - 15:00

Telephone

+38922561342

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ Кочо Рацин - Петровец posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category