Клуб на Оратори - FORUM ORATORES

Клуб на Оратори - FORUM ORATORES

Share

Поет се раѓа, оратор се станува! Orators` club is the only certified organization in the country which deals with public speaking and rhetorical skills.

Клубот на Оратори е единствената сертифицирана организација во Република Македонија која се занимава со јавно говорење и реторички вештини. Клубот е основан 2001 година од група млади ентузијасти, учесници на Ораторските вечери "Иво Пухан" на Правниот факултет "Јустинијан Први" - Скопје.
Од своето формирање до денес, Клубот брои повеќе од 400 членови, најчесто студенти и средношколци.
За сиве овие

18/05/2026

Знаеме дека ве чека цела испитна сесија, затоа ви подготвивме 5 совети кои можете да ги примените при устен испит. 🗣️Устниот испит, во својата суштина, спаѓа во јавен настап! Па затоа, еве неколку совети од Клубот на оратори за тоа како малку да се опуштите и да поминете подобро од очекуваното. Ви посакуваме многу среќа во следниот период! 🍀📚✨

Photos from Клуб на Оратори - FORUM ORATORES's post 13/05/2026

На панел-дискусијата што се одржа на 12.05.2026 година на тема „Моќта на зборот во судницата“, имавме чест да поминеме прекрасно и инспиративно дружење со:

• Адвокатката д-р Ана Пепељугоска
• Судијата на Основниот граѓански суд Скопје, Марко Кржаловски
• Јавната обвинителка Лиле Стефанова

Преку пријатна дискусија и разговор, студентите имаа можност да слушнат интересни приказни, да ги откријат тајните на аргументацијата во судницата, но и да добијат инспирација да направат чекор понатаму на својот професионален пат. ⚖️

Ви благодариме на сите што присуствувавте и Ве очекуваме на следните настани! 🗣️

24/04/2026

Планетата ја градиме метар по метар, почнувајќи од нашиот простор 🤗
Ние направивме генералка, сега ве чекаме вас да нѐ посетите !

Photos from Клуб на Оратори - FORUM ORATORES's post 21/04/2026

Клубот на оратори со големо задоволство ви го претставува новото раководство✨!

15/04/2026

Ве покануваме на XXVIII Ораторска вечер „Иво Пухан“, која ќе се одржи на 17.04.2026 година (петок) во 18:00 часот на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

„Иво Пухан“ повторно ги отвора вратите за сите љубители на добриот збор и силната мисла.

Ова не е само настан, туку простор каде што се слушаат различни идеи, се гради став и се негува културата на јавното говорење.

Дојдете и бидете дел од вечер исполнета со инспирација, аргументи и моќта на говорот.

Ве очекуваме!

02/04/2026

Денес се одржа полуфиналето за претстојната ораторска вечер „Иво Пухан“, која ќе се одржи на 17.04.2026 година, со почеток во 19:00 часот на Правниот факултет.

Голема благодарност до сите учесници кои посветено ги издржаа подготовките и со упорност учествуваа на пробите. Вашиот труд и енергија се навистина за почит! ❤️

01/04/2026

Ден пред полуфинале за ораторската вечер “Иво Пухан” 🎉

05/03/2026

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”- Скопје, во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први”- Скопје и Клубот на Оратори (FORUM ORATORES), го објавуваат јавниот повик за учество на XXVIII Ораторска вечер „Иво Пухан”.

📌 Сите заинтересирани за учеството на XXVIII Ораторска вечер „Иво Пухан” се поканети да се пријават на овој линк:https://forms.gle/GbMeEepLwP1QZJnQA

👥 Пријавувањето на повикот за учество е овозможен најдоцна дo четврток, 12.03.2026 година.

🗣️ Повикот е отворен за сите студенти на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”- Скопје

Ве очекуваме!
Организационен одбор на Ораторската вечер „Иво Пухан”.

Photos from Клуб на Оратори - FORUM ORATORES's post 25/12/2025

👥 25 години го претставуваат мотивот, традицијата и културата за поттикнување, анимирање и афирмирање на кажаниот и пишан збор.

📌 25 години ја претставуваат на културата на говорењето, што ја претставуваат идејата за уметноста на живеењето, стилот на говор, правото на изразување, креативноста на пишувањето и методот на однесувањето.

👥 Клубот на оратори го одбележа главниот постулат кој го постави, а тоа е изразот на посебноста која го креира огледалото на идеите и стремежите!

📌Сакаме да искажеме голема благодарност до сите оние кои го поддржуваат Клубот на оратори, неговите членови, нашите професори и сите оние кои беа присутни и го одбележаа јубилејот, и ја потврдија важноста на идните генерации!

📌 Најголемата благодарност се посветува кон нашите ментори и професори кои со голема поддршка и радост ја поддржуваат идејата на Клубот на оратори - Forum Oratores. Проф. д-р Владо Бучковски, проф. д-р Есин Кранли Бајрам, и проф.д-р Гоце Наумовски кои се заслужен фактор за развојот на реториката во македонската научна мисла. Голема благодарност за поддршката, особено за значителниот придонес, му искажуваме на м-р Данило Крстовски.

📌Голема благодарност за поддршка при процесот на подготовка и анимирање на аргументацискиот говор, и припаѓа на Дора Смилевска од Дебатниот клуб.

📌Големи честитки сакаме да им посветиме на Михаела Аџиоска, Софија Бислимоски, Ангела Кекеновска, Мерсине Даминова и Драган Ѓуровски, кои успешно и заслужнп го завршија тренингот за ментори и обучувачи по јавно говорење, реторички вештини и сценски настап, со што стекнаа сертификати и се лиценцирани ментори на нашиот Клуб!

👥Ви благодариме што бевте дел од одбележувањето на 25 години Клуб на оратори. Со тоа, Клубот го продолжи негувањето и учењето како да не се „кршат” ентузијазмот и креативноста!

📌„Клубот на оратори ја има најголемата одговорност, а тоа е прогресот!” - Марија Додовска (претседател на Клубот на оратори - Forum Oratores)

📌„Клубот на оратори не може да опстои без оние што го сакаат пишаниот збор, македонскиот јазик и јавниот говор”. - Ведрана Петрова (потпретседател на Клубот на оратори - Forum Oratores).

19/12/2025

👥25 години негуваме и учиме како да не се „кршат” ентузујазмот и креативноста!

📌Наши драги љубители на реториката, пишаниот и кажан збор, ве покануваме да бидете дел од одбележувањето на 25 години Клуб на оратори FORUM ORATORES.

👥Јубилеј кој децениски го поттикнува развојот на анимирањето и афирмацијата на јавниот говор, есеистиката и испраќањето на порака!

📌Настанот ќе вклучува ораторски натпревар и дебата, а ќе се доделуваат награди за најдобар оратор и најдобра дебатна група. На крајот, клубот на оратори ќе додели и сертификати за менторите.

Дојдете да ги доживеете зборот и идеите како никогаш досега!

26/10/2024

🗣️ Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”- Скопје, во заедничка соработка со Правниот факултет “Јустинијан Први”- Скопје и Клубот на Оратори (FORUM ORATORES), објавува Јавен повик за учество на XXVII Ораторска вечер “Иво Пухан”.

📌 Сите заинтересирани за учеството на XXVII Ораторска вечер ,,Иво Пухан” се поканети да се пријават по електронски пат на следнава мејл адреса: [email protected]

👥 Пријавувањето за Јавниот повик трае најдоцна дo четврток, 31.10.2024 година.

📌 Пријавата треба да содржи:

1. Име и презиме на кандидатот/ката
2. Студиски циклус
3. Студиска година и
4. Студиска насока како и единицата при УКИМ на која студирате.

🗣️ Повикот е отворен за студенти од сите три циклус студии на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје

Ве очекуваме!
Организационен одбор на Ораторската вечер “Иво Пухан”.

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Address


BUlica Goce Delcev 9b
Skopje
1137