Правна клиника на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје

Правна клиника на Правниот факултет  „Јустинијан Први“ - Скопје

Share

Правната клиника за ранливи групи е отворена со работа само за времетраење на академската година (октомври - јуни).

28/01/2021

Правната клиника по казнено право и Правна клиника за ранливи групи на Правниот факултет "Јустинијан Први" - Скопје ќе им обезбедат бесплатна правна помош, информација и совет на сите жртви на сексуално насилство и вознемирување во случајот "Јавна соба" за водење кривична постапка, барања за надомест на штета или други постапки пред државни органи.

Контакт на [email protected] и на телефон 077 68 67 23.

Податоци и информациите од лицата кои ќе нé контактираат се чуваат доверливи.

11/04/2020
31/03/2020

Одговор на јавно поставено прашање за дезинфекција на влезови на станбени објекти од страна на општина:
1.Потребата да се прогласува вонредна состојба може да произлезе од различни ситуации. Во Република Северна Македонија е прогласена вонредна состојба како резултат на вирус КОРОНА ( Covid19 ) со што неспорен факт е дека постои опасност од заразна болест и треба да се преземат мерки за превенција и заштита од болеста.
2.Согласно правните прописи, а пред се Законот за сопственост и други стварни права(чл.107) влезовите во зградите се во состав на заедничките делoви од повеќестанбена зграда и право на користење имаат сите сопственици на посебните делови. Станува збор за приватна сопственост на сите станари. Исто така согласно Законот за домување (чл.6) ходникот е составен дел на станбениот објект.
3. Согласно Законот за спречуваее и заштита од заразни болести ( чл. 12) во кои се предвидени општите мерки кои се спроведуваат за заштита од заразни болести, предвидено е ( точка 4.) вршење на превентивна дезинфекција, дезинсекција, дератизација, и други хигиенско - технички мерки на населени места и други јавни површини. Согласно чл. 60 за спроведување на општите мерки за заштита што се во надлежност на општините и градот Скопје средства се обезбедуваат во буџетите на општините и градот Скопје. Меѓутоа станбените згради, односно влезовите на станбените згради не се јавни површини, тие се во сопственост на сите станари.
4.Согласно Закон за локалната самоуправа(чл.21) во надлежности на општините е и Здравствената заштита - управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здравствена заштита кои треба да вклучат застапеност на локалната самоуправа во сите одбори на сите здравствени организации во јавна сопственост, здравственото воспитување; унапредување на здравјето; превентивни активности; заштита на здравјето на работниците и заштита при работа; здравствен надзор над животната средина; надзор над заразните болести; помош на пациенти со специјални потреби (на пример, ментално здравје, злоупотреба на деца итн.) и други области кои ќе бидат утврдени со закон.
5.Согласно постоечките законските прописи, Општината може да изврши дезинфекција само на јавните површини (улици, градники, училишта, амбуланти). Кога се во прашање влезовите на зградите, кои не спаѓаат во јавни површини, туку се во сопственост на на сите станари и сите имаат право да ги користат, општината може да наложи и да даде препораки до заедниците на станари да извршат дезинфекција со цел заштита од Корона вирусот.

31/03/2020

Благодарност до ЈП Службен весник на Република Северна Македонија за бесплатниот пристап до базата. Соработката и поддршката од основањето на клиниката особено ни значи!

21/03/2020

Бесплатно за правни прашања!
Со оглед на новонастанатата состојба во општеството и се она што се случува на пазарот доколку сметате дека ви се загрозени и повредени правата како потрошувач, загрозени ви се социјалните права или пак правата пред административните органи, или вашите права како член на семејство на затворено или притворено лице, Правната клиника за ранливи групи на Правниот факултет "Јустинијан Први" - Скопје ќе ви даде информација како да ги заштитите. Слободно обратете се кај нас на [email protected], по порака на фејзбук страната или на нашата интернет страница pravnaklinika.mk (контакт - постави прашање).
Студентите и професорите се подготвени да ви помогнат со информација и совет за вашите права.
Потсетуваме и повикуваме да се однесуваме одговорно, бидејќи јавното здравје е заедничка одговорност.
Почитувајте ги мерките и препораките. #ЗаштитиСе #СедиДома

17/03/2020

Графичкиот активизам и поддршката на креативната заедница е многу важна во информативната кампања за COVID-19. Ги повикуваме сите креативци кои сакаат и можат да помогнат во кампањата да го направат тоа. Сите официјални препораки и информации кои им се потребни ги има на овој линк кој редовоно ќе се ажурира.

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

Ова е одличен пример за ваков активизам и изразувам благодарност до Теано Кардула која го изработи овој постер.

Photos from Правна клиника на Правниот факултет  „Јустинијан Први“ - Скопје's post 27/12/2019

На 26 декември во просториите на Правниот факултет„Јустинијан Први“ – Скопје, се одржа Правнички театар. Студентите од Правната клиника во соработка со студентите од Факултетот за драмски уметности ја изведоа претстава "Случајот П", која имаше за цел да ја подигне свеста за маргинализираните групи како и за проблемите со кои се соочуваат. Стигмата, дискриминацијата и насилството врз маргинализираните групи се уште постои, а инстуциите продолжуваат да бидат глуви и слепи за нивните барања, студентите од Правната клиника продолжуваат со нивната работа и се обидуваат да најдат решение за правните прашања на ранливите групи.

Photos from Правна клиника на Правниот факултет  „Јустинијан Први“ - Скопје's post 19/12/2019

Студентите-учесници во Правната клиника за ранливи групи во придружба на своите ментори го посетија КПУ Скопје. На студентите им беше овозможен увид во условите за издржување на казна затвор во установата како и разговор со некои од затворениците.
Студентите од Клиничкиот оддел за правата на затворените и притворените лица одржаа презентација пред група осуденици за заштита на правата на лицата кои издржуваат казна затвор.

Photos from Правна клиника на Правниот факултет  „Јустинијан Први“ - Скопје's post 18/12/2019

Во период 16-18 декември во Струмица се одржа семинар за правно зајакнување за вработените во Министерство за правда. На семинарот беше претставен концептот на правно зајакнување, како и правното зајакнување во Република Северна Македонија. На првиот ден од семинарот Elena Nacevska презентираше за значењето и важноста на клиничкото образование и ја претстави работата на Правната клиника за ранливи групи. Вториот ден од семинарот беше посветен на примарната и секундарната правна помош, опфатот и условите за остварување и одобрување на секундарна помош. Третиот ден, од страна на Џон Имс, експерт на Совет на Европа беа презентирани процесните алатки за постапување по барањата за бесплатна правна помош.

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Address


Skopje
1000