26/12/2025
СПЕКТАКЛ СО НОВИ МАТЕРИЈАЛИ
КЦК ја заврши 2025-та спектакуларно во Центарот за роботика и дизајн во ООУ "Братство". Под магичната палка на Проф. Методија Најдоски, 21 креативец/ка уживаа откривајќи ги тајните на физичко-хемиските појави и процеси.
На работилницата учениците имаа прилика да ги осознаат необичните својства на неколку вида материјали.
Во еден од експериментите (Термохромизам), со ставање на пластифицирано жолто картонче во жешка имаа приликада видат појава на промена на боја на цртежот од жолта во портокалово црвена, а со ставање во ладна вода цртежот повторно станува жолт.
Во експериментот „Фотохромизам – пишување со светлина“, учениците сведочена на промена предизвикана со ултравиолетова светлина која овозможува да се пишува и црта на фотохромна боја. А нацртаните линии волшебно исчезнуваа со тек на времето.
Во експериментот „Паметна жица“ учениците во жешка вода ставаа метална спирала која спонтано се претвораше во права жица.
Во експериментите имаше една волшебна нота која ја следеше работилницата од почеток до крај. Учениците ставаа песок во вода, а кога ќе го извадеа со лажица тој беше сув (Хидрофобен песок). Исто така, кога прстот ќе го вронеа во чаша со вода на чија површина имаше полен наречен ликоподиум, прстот од водата излегување сув (Хидрофобен прашок).
Во експериментот „Фукови струи“ низ 3 цевки, пластична, алуминиумска и бакарна пуштаа да паѓа магнет. За изненадување, времето на паѓање беше различно во сите 3 цевки.
Во експериментот „Виножито од лак за нокти“ користејќи лак за нокти на црна хартија приготвуваа виножито.
Нењутнова течност“ е уште еден чудесен експеримент во кој во течност ако полека се вронува прстот може да се стигне до дното од садот, но ако нагло и силно се внесува прстот, течноста ја зголеува вискозноста и не дозволува да се допри дното од садот.
И така КЦК ја испраќа 2025-та со желби за здравје и среќа во Новата 2026 година.
ПС: Денес Советот на општина Карпош по предлог на градоачалникот го исфрли Креативниот Центар Карпош од Програмата за образование за 2026 год. со што автоматски се прекина неговото понатамошно финансирање. Затоа, за жал КЦК нема са може да продолжи со организација на работилниците за дечињата и учениците во Карпош. Но, КЦК ќе продолжи да функционира, можеби без зборот Карпош.
Да сме живи и здрави.💪