Играме во стимулативна средина

Играме во стимулативна средина Утврдено е дека мозокот на човекот се развива многу брзо и дека до седмата година формирани се повеќе од 70% од синапсите.

Добредојдовте на место каде децата играат во стимулативна средина!
На работилниците ќе се креира една интересна стимулативна средина, каде децата од 4 до 7 годишна возраст, преку игра ќе ја практикуваат фината моторика и моториката на целото тело. Играта стимулативно ќе делува и на физичкиот и на менталниот развој. Етапно, од динамички активности кои влијаат на специфичната моторика и графомоториката, се преминува на учење симболи, апстрактни поими и нивна визуелизација, што всушност значи практикување на асоцијативното учење. Со поставување на детето во проблемски ситуации ќе го поддржиме неговотo функционалното знаење, и способноста за решавање проблеми, за на крај да завршиме со високо ниво на задоволство, исполнетост и самодоверба.

Александра Баждарова
078 383 123
Ирена Жунгулова
075 310 562

14/02/2023
На децата им е потребно време да ја развијат силата во нивните дланки, во рацете и да развијат фини моторни вештини пред...
30/09/2022

На децата им е потребно време да ја развијат силата во нивните дланки, во рацете и да развијат фини моторни вештини пред да започнат со пишување. Како подготовка за пишување, потребно е да му овозможите на детето време и услови за игри во кои ќе сече со ножици, ќе користи штипки, ќе користи пипети, ќе ниже, ќе игра со пластелин, итн. Можете и да му понудите послужавник со песок или брашно, каде детето ќе може да исцртува разни видови на форми и линии.🙌🤞👌☝👇

28/09/2022

Сите деца имаат потреба од физичка активност, не само за да бидат физички здрави, туку и да бидат емоционално здрави. Физичката активност е вентил за доживеаната фрустрација и лутина. Ако Вашето дете покажува знаци на фрустрација, како што се немир и раздразливост, дајте му време и простор да прошета или да игра некоја неструктурирана игра на отворено. Децата многу рано учат да ја канализираат нивната енергија во позитивен, конструктивен или негативен, деструктивен начин на изразување!🤸‍♀️🤼🌞

Признајте го и поддржете го доброто однесување на детето!На пример - кога Вашето дете ќе го поздрави соседот на соодвете...
24/09/2022

Признајте го и поддржете го доброто однесување на детето!
На пример - кога Вашето дете ќе го поздрави соседот на соодветен начин може да го истакнете тоа велејќи „Ме радува што љубезно го поздрави соседот“. Исто така, одличен начин да се зајакне посакуваното однесување е само со опишување
на она што го направило детето. Пример „Ти му рече добар ден на соседот, токму онака како што те учев и ти покажав.“😊

Во тек е форимирање на група за обука за вешто родителство по Melloy програмата, за мајки на деца на возраст од 1,5 годи...
31/08/2022

Во тек е форимирање на група за обука за вешто родителство по Melloy програмата, за мајки на деца на возраст од 1,5 година до 5години. Имаме уште две слободни места. Учеството е бесплатно и сите средби/работилници се онлајн. За повеќе информации и пријавување, пишете ни или побарајте не телефонски. 😇🙂
075 310 562 - Ирена
070 367 147 - Тања

Address

Скопје
Skopje
1000

Telephone

+38978383123

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Играме во стимулативна средина posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Играме во стимулативна средина:

Shortcuts

Share

Category