СУГС Гимназија ,,Раде Јовчевски-Корчагин"

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • СУГС Гимназија ,,Раде Јовчевски-Корчагин"

СУГС Гимназија ,,Раде Јовчевски-Корчагин" Гимназијата Корчагин и нејзините корчагинци претстав?

Гимназијата Корчагин и нејзините корчагинци претставуваат силен импулс во развојот на образовната дејност, а со тоа и практично се потврдува определбата за интелектуалното инвестирање во образованието и за создавање на високопрофесионален кадар кој е императив и основен предуслов за развој и напредок на секое општество.Се наоѓаме пред уште едно поглавје, кое идните генерации на професори и ученици ќе го паметат како испишување на ново петолиние од партитурата насловена „ Раде Јовчевски – Корчагин“.

Нова страница во образовната историја, нова страница во образовната читанка, која е огледало во кое се одразуваат нашата свест и чувство за вреднување на сето она што е ценето и признато на сите меридијани.Името и достигнувањата на Корчагин, несомнено, се вистински бренд во македонското образовно живеење.

Ќе ги искористиме зборовите на големиот Грациан кој вели:„..да се поседува вредност и да се умее истата да се покаже,…тоа е еднакво на двојна вредност.

Токму таа двојност, тој дуализам е нашата, но и Ваша заслуга, наши минати , наши сегашни, но и идни ученици на Корчагин!

Да продолжиме да работиме во полза на идните генерации, а времето е онаа мудра категорија која ги потврдува вистинските творци.

Само вистинскиот избор води кон успех, а Вашиот избор е КОРЧАГИН.

Со задоволство може да кажеме дека учествуваме во овогодишната организација на   работилница во соработка со Гимназијата...
18/02/2019

Со задоволство може да кажеме дека учествуваме во овогодишната организација на работилница во соработка со Гимназијата Орце Николов и бројни други звучни имиња!

06/07/2017

Nasa Space Apps Challenge е глобален натпревар, 48 часовен хакатон, во којшто секоја година учество земаат повеќе од дваесет и пет илјади луѓе ширум светот. Но, хакатонот е многу повеќе од правење апликации. Тоа се предизвици кои вклучуваат роботика, визуелизација на мапа, хардвер, дизајн и многу др...

28/05/2017

Корчагинци ќе го развиорат македонското знаме на Интернационалната хемиска олимпијада во Тајланд!

28/05/2017

На ден 25 05 2017, во гимназијата беше организиран Отворен ден, за сите заинтересирани идни корчагинци Посетителите можеа да се запознаат со бројните активности, награди и успеси на различни полиња.

08/05/2017

Регионален форум „Францускиот јазик, младите и можностите за работа“.

08/05/2017

Учество на ученици од четврта година, билингвална паралелка, Искра Бојковска, Јана Ѓелевска, Мартина Ѓурчиноска, Марко Клинчаров и Филип Сотироски, на рсгионален и државен натпревар.

08/05/2017

КОРЧАГИНЦИ и оваа година ќе учествуваат на мегународен натпревар по француски јазик. Ученичките Севдалина Дамевска од билингвална паралелка и Милена Трајаноска од класична паралелка, ментор Слаѓана Стојановска, професор по француски јазик, ќе бидат дел од групата наградени ученици кои ќе учествуваат...

05/05/2017

NASA Space Apps Challenge е најмасовен интернационален хакатон во светот што се случува истовремено на 6 континенти, во 150 градови, со над 15.000 учесници. Програмери, научници, дизајнери, инoватори, економисти и сите ентузијасти за вселената работат на зададени предизвици од NASA, која за време на...

02/05/2017

Оваа година, во рамките на Едукативната програма на Филозофскиот Филмски Фестивал, се одржа проекција на средношколска видео лектира, „Dr. Strangelove“ на Стенли Кјубрик, и Конкурс за најдобар средношколски филмософски есеј на тема

Address

Трета Македонска Ударна Бригада, бр. 9
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:00 - 19:00
Tuesday 07:00 - 19:00
Wednesday 07:00 - 19:00
Thursday 07:00 - 19:00
Friday 07:00 - 19:00

Telephone

+38923115116

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СУГС Гимназија ,,Раде Јовчевски-Корчагин" posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category