07/08/2023
МУЗИЧКА КУЌИЧКА е место кое нуди музички работилници наменети за најмалите (поделени во две возрасни групи: 3-4 години и 5-6 години).
На овие работилници дечињата имаат можност да стекнат основна музичка наобразба и да бидат воведени во светот на музиката низ призма на игри и разни други активности, адаптирани на нивната возраст. Освен развој на основни музички способности (како активно слушање, пеење, свирење на детски инструменти, распознавање ноти и др. музички знаци итн.), работилниците имаат за цел и дополнително да го стимулираат развојот на грубата и фина моторика кај децата, говорот, меморијата, координацијата, како и когнитивните способности во целост.
✅Веќе 2 години успешно музицираме, а сега вршиме УПИСИ за нови другарчиња 🤗
🎶Овозможете му поинакво детство на Вашето најмило, исполнето со многу музика и дружби за паметење 🥰
Повеќе инфо:
📩ДМ или на
📲070 875 333
#музичкаедукација #предучилишниактивности #детскипеснички #развојнизигра #пеење #свирење #развојнаслухиговор #деца #детскадружба #социјализација