09/04/2019
Создателот не може да се сфати и измери со умот
Во книгата Зохар е речено: „Во сите народи на светот не постои никој поумен од тебе“. Станува збор за оној кој се стреми кон Создателот. Додека пак научниците-филозофи – тоа е стремежот на човекот да го достигне истото, но само теоретски, без сопствена поправка. Тоа е работа само во разумот, а не во срцето. Но нам ни е потребно да го поправиме срцето, односно желбите на човекот. „Филозофите“, пак, сакаат да го сторат истото тоа во умот, и затоа се збунуваат, и се занимаваат со „идолопоклонство“, создавајќи во своите глави секакви фантазии.
Затоа, кога во книгата Зохар читаме за некој филозоф сезнајко или голем праведник, тоа треба да го воспримиме како расказ за особините внатре во нас самите. Целата Тора е напишана за еден човек, кој го вклучува во себе целиот свет. И прашањето е: дали тој човек е создаден способен да го постигне Создателот за сметка на неговите внатрешни инструменти, што му се дадени: неговата желба да се наслади и мудроста, умот? Се разбира дека не! Проширувањето на нашите желби, во кои ние го постигнуваме Создателот, наместо да филозофираме, се случува само со помош на Вишата сила, која ни дава екран и одразена Светлина. Тоа е апсолутно поинакво проширување на способностите, во споредба со она, кое е возможно за сметка на разумот. Ако човекот го изучува овој предмет исклучиво теоретски, тогаш станува попаметен, ги проширува своите умствени способности. Но притоа не се прошируваат неговите инструменти на воспримање за постигнување на вишиот, управувачки систем. Тој не ги изучува оние сили, кои го движат – не го изучува Создателот. Затоа што Создателот може да се постигне само за сметка на стекнување на Неговите особини. Ако пак тој не ги променил своите особини, тогаш сè уште се наоѓа на територијата на суштеството: под власта на желбата за насладување и разумот, кој му слугува на егозимот, стремејќи се да го наполни. Така ние функционираме во овој свет, и нема што да се направи. Сè додека не дојде помош одозгора, и ги прошири нашите инструменти на воспримање, ни даде нови желби за давање, ние нема да можеме да го постигнеме Создателот. Ние нема да имаме ниту најмала претстава за тоа, што претставува духовниот свет.
Од лекцијата по Книгата Зохар. Предговор, на Каб.Тв