22/05/2014
ВТОР КУРС ПО ОСНОВИ НА СМЕТКОВОДСТВО И СМЕТКОВОДСТВЕНА АДМИНИСТРАЦИЈА
Најлесен начин да го совладате сметководството!
(Оваа обука истовремено претставува подготовка за полагање на испитот за Сметководител и Овластен сметководител)
04. Јуни - 20 јуни 2014 година
AccountingAcademy, Скопје
Сметководството претставува најважниот сегмент од финансиското работење на едно претпријатие. Сметководството претставува огледало на целиот бизнис циклус на претпријатието. Во тоа како ќе се огледа бизнисот низ сметководството најважната улога ја има сметководителот.
Сметководството е основа за сите деловни одлуки, основа за оправданост на финансирањето преку банкарски кредити, основа за сите анализи и извештаи на претпријатието.
Сметководството е врата низ која влегува инспекциската контрола во Вашето претпријатие.
Сметководството е наука применета во пракса. Практичното работење, искуствената примена на сметководството е најголемата придобивка за еден сметководител.
Оваа обука ќе биде корисна за добивање:
- Eден поинаков начин за обука на сметководствените знаења
- Повеќе практично работење низ обуката
- Индивидуално практицирање на предавањето за време на самото предавање преку сопствен софтвер и компјутер
- Понесете го знаењето на предавачот со себе и по завршувањето на обуката
- Екскlузивно право на софтвер за практицирање-Вежбање на материјалот и после завршувањето на обуката преку софтвер кој останува во Ваша сопственост по завршувањето на обуката
- Единствен прирачник со вистински примери од секојдневното работење на претпријатија
Доколку сакате да го научите на вистински начин, ОВА е обуката која ВИ е потребна. Единствена обука од овој тип ! Не смеете да ја пропуштите.
Обуката е наменета за почетници во областа на сметководството, студенти, вработени лица на позиција сметководствена администрација, помлади сметководители, помошник сметководители, лица кои имаат допирна точка со сметководството, активно го практикуваат на базична основа и сакаат ВИСТИНСКИ ДА ГО НАУЧАТ !
Обуката ја изведуваат искусни предавачи на сметководствената академија на АМПЛУС со повеќегодишно искуство во сметководствено работење, лиценцирани како овластени сметководители. Секој предавач има своја тема од материјалот која ја пренесува на слушателите.
Во текот на обуката предвидени се и посети на гости-предавачи од конкретни области, како на пример даночната проблематика, администрацијата, архивското работење, магацинското работење, се со цел на слушателите да им се пренесе предвидената материја од практичен и искуствен аспект.
Цената за еден учесник промотивно изнесува 12.000 денари.
Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 04.06.2014 февруари 2014 година.
Сите учесници на обуката ќе добијат работен материјал, софтвер кој останува во сопственост на учесникот и Сертификат за учество.