Училиштето Челинџ е формирано во 1991 година. Почнавме како мало приватно училиште во време кога приватните училишта беа реткост. Нашите почетоци беа скромни, со една училница, мал број на слушатели и еден професор по англиски јазик, но со квалитетна работа низ сите овие години стигнавме до она што сме денес, а тоа е респектабилно училиште кое врши едукација на голем број странски јазици. Покрај а
нглискиот јазик, во нашето училиште се изучуваат уште германскиот, италијанскиот, шпанскиот, францускиот, албанскиот, турскиот, грчкиот и македонскиот јазик за странци. Темпото на животот на современиот човек е такво што тој нема многу слободно време. Од тие причини ние се одлучивме за еден поинаков систем на организација на нашата работа. Наместо создавање на еден голем центар за странски јазици на некоја од локациите во градот, како што тоа беше случај во минатото со другите училишта, ние одбравме систем на истурени локации кои се блиску до Вашите домови и училишта. Така ние доаѓаме кај Вас, а Вие кај нас, како што прават вистински пријатели.