Институтот за комуникациски студии (ИКС) е непрофитна научно-истражувачка организација основана во 2012 година, која спроведува истражувања и образовни програми од областа на комуникациските науки и медиумската политика и им помага на граѓаните да го штитат јавниот интерес преку застапување.
Нудиме знаења, вештини и експертиза за комуникациски менаџмент, новинарство, медиуми и медиумска писменост. Реализираме проекти и кампањи за зајакнување на граѓанското учество и застапување и за постигнување транспарентно, одговорно и партиципативно владеење.
Ние овозможуваме:
· Развој на комуникациите, новинарството, медиумите и јавниот интерес;
· Зголемена вработливост, напредувања и/или промени во кариерата на студентите;
· Зголемена медиумска писменост;
· Добри практики на граѓаните и останати општествени актери за заштита на јавниот интерес, со фокус на животната средина.
НАШИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ
Магистерските студии по (1) Менаџирање на стратегиски комуникации и (2) Медиумски менаџмент, претставуваат точно одбрана комбинација од теоретски познавања и пренесување на практични вештини за постојното или идното работно место. Студентите ги совладуваат клучните основи на стратегиските комуникации и дигиталните медиуми и стекнуваат лидерски, претприемнички, аналитички и вештини за управување со проекти. Дознајте повеќе на https://iks.edu.mk/portfolio-item/magisterski-studii/.
НАШИ ДИГИТАЛНИ ПЛАТФОРМИ
Рес публика (respublica.edu.mk) - Преку продукција на блогови, влогови, видео подкасти, интервјуа и други медиумски производи, пренесуваме ставови и мислења од академската и стручната заедница и oвозможуваме јавноста да донесува одлуки на информиран начин. Продуцираме и онлајн ресурси за поттикнување на дигиталниот активизам кај граѓаните.
Само прашај (samoprasaj.mk) - Oвозможувамe секој граѓанин да постави прашање или коментира за општествен проблем и да добие релевантен одговор од надлежната институција. Изработуваме новинарски стории и длабински анализи за да ги информираме граѓаните за различни општествени теми и да понудиме пристапи и решенија за подобрување на општеството.
Медиум (medium.edu.mk) - Jа промовирамe медиумската писменост, а средношколците ни се верни дописници од училиштата и местата кадешто живеат за проблемите кои ги засегаат. Соработуваме со медиумите, организираме јавни настани и објавуваме истражувања и онлајн ресурси со кои едуцираме млади луѓе, родители, наставници и граѓански организации критички да им пристапуваат на медиумските содржини и да бидат активни дигитални граѓани.
Дома (doma.edu.mk) - Анализираме, бараме одговори од институциите, информираме и едуцираме за теми за животната средина, биодиверзитетот, одржливите практики и еколошката свест. Поттикнуваме дебата и ги мотивираме граѓаните активно да се вклучат и да вршат притисок врз институциите за решавање на проблемите.
Дигитален активизам (digitakt.mk) - Пребарувајте и слободно користете ги нашите онлајн едукативни и информативни ресурси за комуникации, новинарство, медиумска писменост, активизам и екологија.
Разбистри сè (razbistri.se) - Најдете информации, публикации и медиумски производи за управувањето со водните ресурси и инспекцискиот надзор во животната средина, изработени во кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“ на ИКС.
Не игнорирај. Реагирај. (reagiraj.mk) - Најдете промотивни и медиумски производи поврзани со темите за одржливи градови, здрава околина и климатски промени, како и онлајн ресурси за деца и наставници, изработени во кампањата „Не игнорирај. Реагирај.“ на ИКС.