11/06/2026
📢 Почитувани родители,
Со цел да бидете навремено информирани и да ги следите сите активности поврзани со Еразмус+ проектот „Embodied Play Worlds“, со вас го споделуваме QR кодот на проектот.
Со едноставно скенирање на QR кодот ќе можете директно да пристапите до официјалната веб-страница на проектот, како и до неговите профили на Facebook, Instagram, X и LinkedIn.
Ве покануваме да нѐ следите и да бидете дел од нашето проектно патување, каде што редовно ќе споделуваме информации, активности, искуства и новости од реализацијата на проектот.
Благодариме за вашата поддршка и интерес. Заедно создаваме нови можности за учење, развој и меѓународна соработка во интерес на нашите деца. 🌍✨
#СледетеНѐ #ЗаедноУчиме #РадеЈовчевскиКорчагин
11/06/2026
📢 ДИСЕМИНАЦИЈА НА СТЕКНАТИТЕ ИСКУСТВА ОД МОБИЛНОСТА ВО ШВЕДСКА 🇸🇪
Во рамките на Еразмус+ проектот 2025-2-MK01-KA210-SCH-000384586 „Embodied Play Worlds“, проектниот директор и проектниот координатор од ЈУДГ „Раде Јовчевски Корчагин“ одржаа дисеминација пред воспитниот тим на установата, при што ги споделија искуствата, впечатоците и стекнатите сознанија од посетата на Стокхолм, Шведска.
📌На средбата беа презентирани посетените градинки, организацијата на воспитно-образовната работа, уредувањето на средината за учење, како и пристапите што ги применуваат воспитувачите во работата со децата. Посебен акцент беше ставен на значењето на играта, креативноста, истражувањето и активното учество на децата во процесот на учење и развој.
Во текот на мобилноста имавме можност да оствариме размена на искуства со партнерите од 🇸🇪 Шведска и 🇹🇷 Турција, при што беа споделени различни практики и идеи поврзани со предучилишното воспитание и образование.
🗣Преку оваа дисеминација, стекнатите знаења и искуства беа пренесени на воспитниот кадар со цел нивно понатамошно искористување во секојдневната работа и успешна реализација на проектните активности.
Продолжуваме да учиме, соработуваме и да создаваме нови можности за професионален развој и унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес.
#РадеЈовчевскиКорчагин #Стокхолм #Дисеминација
11/06/2026
Објект Пинокио 🍀
Проект:Тајна медена🐝
Воспитна група 4-5год „Ноди“ 🧸🐝
Денеска со децата уживавме во креативна и вкусна активност. Со радост работевме со тесто, изработувавме мали погачи, а од тестото создававме и преслатки пчелки. 🐝🥨
Преку играта и творењето децата ја развиваа фината моторика, креативноста и учеа низ забава и заедништво. 💛
08/06/2026
Децата од објект Пепелашка
Групи: Буба Мари 🐞 и Веселковци 👫
Имаа едукативни предавање од страна на Црвениот крст на тема: Правилно одржување на хигиената на рацете и телото.
Преку разновидни практични примери и вежби децата научија како правилно се мијат рацете.🧴🤝🧴👏🧼
05/06/2026
Објект: Пролет🌼
Група Бонбончиња🍬
Топката се тркала, насмевките растат! ⚽⭕
🗣Преку игри со топка и хулахоп, децата денес уживаа во забавни игри. Со многу движење, и позитивна енергија, ги развиваа моторичките способности, координацијата и вниманието.
Низ игра, смеа и дружење создадовме уште еден ден исполнет со радост и убави моменти во нашиот двор.
05/06/2026
🍀 Објект "Пинокио"
🐝 Воспитна група 4-5 години „Ноди“,
Приредба исполнета со радост, насмевки и детска креативност. 🌸☀️
Нашите дечиња, во костими вредни пчелки🐝, преку пролетни песни и танц блеснат на сцената и ќе ја пренесат убавината на пролетта. 🐝🌷 Нивните насмевки се најубавата награда за сите присутни. 💛
Благодарност за соработката со родители 💛🐝👏🌼✨
04/06/2026
👉Објект ,,Пинокио ''
👉Возрасна група 2-3
години ,,Мечиња '' 🧸🧸🧸
,,Истражуваме со светлосна масичка ''💡🔴🟡🔵👀
✏ Поттикнување на сензорно истражување со помош на светлосна маса;
✏Развивање на способноста за препознавање и именување бои и форми🟡🟦🔻;
✏Поттикнување на вниманието и концентрацијата преку пронаоѓање скриени инсекти🐞🐝🐜🐛🪳;
✏Развивање на говорот преку опишување на забележаните предмети и инсекти.