18/07/2026
❓„Како можам сам/а да вежбам англиски помеѓу часовите?“
Ова е едно од најчестите прашања што ми го поставуваат учениците.
Денес не споделувам мој совет, туку техника што ја користи една од моите Everyday English ученички. 👇
По секој час таа:
📄 повторно ги поминува материјалите,
✍️ пишува свои реченици со новите зборови и граматички структури,
🎥 повторно ја гледа снимката од часот и ги запишува грешките,
🗣️ а потоа повторно одговара на истите прашања, но овој пат со поголема сигурност и помалку грешки.
Нема тајна формула за брз напредок.
Но има една навика што ја имаат речиси сите успешни ученици - не го оставаат учењето само на часовите.
Токму тие 15–20 минути самостојна работа помеѓу часовите прават огромна разлика.
💬 А ти, што најчесто правиш после час?
Или веднаш ја затвораш тетратката? 😊