Брзо Читање - Brzo Citanje

Брзо Читање - Brzo Citanje

Share

Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Брзо Читање - Brzo Citanje, Borka Talevski 17a, Skopje.

Power Speed reading е еден од најнапредните методи во светот кој во Македонија се изведува од 2008 година и го совладале повеќе од 3000 луѓе.
Индивидуални термини за Брзо читање за деца, студенти и возрасни. Како прв центар за брзо читање и дислексија во Македонија,
нашиот фокус е на зајакнување на способноста за читање и јакнење на самодовербата за остварување поголеми резултати на лица од сит

09/12/2024

💡 Заштедете време, подобрете ја продуктивноста и намалете го стресот! 😊

Денешниот деловен свет е понапорен од кога било – секојдневно сме изложени на огромни количини информации кои мораме брзо да ги обработиме. Дали знаевте дека со техники на брзо читање можете да ја зголемите вашата ефикасност, да ја подобрите концентрацијата и да го намалите стресот?

За менаџери, претприемачи, вработени и сите кои секојдневно се соочуваат со голема количина на материјали за читање, брзото читање е корисна вештина.

Еве 5 главни причини зошто треба да размислите да научите брзо читање:

🎯 Заштеда на време: Брзото читање значи повеќе време за важни одлуки и стратегии. Замислете што би значело за вас ако времето потребно за читање го намалите за 25% до 50%!

🎯 Подобрена концентрација: Со курсот за брзо читање, можете да ја зголемите фокусираноста и да избегнете непотребни одвлекувања.

🎯 Подобро помнење: Брзото читање помага побрзо да ги запомните клучните информации, што е клучно за секојдневните деловни задачи.

🎯 Намален стрес: Полесното и побрзо обработување информации го намалува чувството на пренатрупаност и, следствено, стресот.

🎯 Подобро разбирање: Техниките на брзо читање не само што ја зголемуваат брзината, туку и го подобруваат разбирањето на прочитаното – клучно за донесување важни одлуки.

❓ Зошто ова е важно за вас и вашиот тим?

Во денешното брзо деловно опкружување, способноста брзо да се обработуваат информации е конкурентска предност. Брзото читање ја подобрува ефикасноста на целиот тим, овозможувајќи побрзо донесување одлуки и подобра реакција на деловните предизвици.

📚 Помалку време за читање значи повеќе време за стратешка работа!

Дали веќе сте пробале техники за брзо читање? Како ви помагаат во вашата работа? Споделете ги вашите искуства во коментарите подолу!

#БрзоЧитање #ДеловенУспех #Продуктивност #НамалувањеНаСтресот #ПодобраКонцентрација #ДеловниЛидери

Пријава за бесплатно воведно предавање Брзо читање (Power Speed Reading) 29/10/2024

Драги мои,

после подолго време се враќаме во акција со воведните предавања за брзо читање по методот Power Speed Reading, кој во Македонија се изведува од 2008 година.

Овојпат продолжуваме во онлајн формат.
Воведното предавање е закажано за 8.ноември (петок) во 18 часот во времетраење од 30 минути.

Повелете линк за регистрација, за да може да ви биде испратен линкот за предавањето на вашата емаил адреса.

https://forms.gle/66xRF4e1ymJnoEE97

Во линкот слободно споделете ваш коментар или прашање и со задоволство ќе ви одговорам.

Пријава за бесплатно воведно предавање Брзо читање (Power Speed Reading) Кога: Петок, 8.ноември 2024 во 18 часот. Каде: Онлајн Времетраење: 30 минути Почитувани, по пополнувањето на овој формулар ќе го добиете линкот на вашата емаил адреса.

21/04/2019
19 декември 2010 14/04/2019
14/04/2019

Брзо читање – вештина на новото време
Со усвојување на методот „брзо читање“ најмалку тројно се зголемува брзината на читање, се здобива попозитивен став кон читањето и учењето, а како резултат на тоа се станува поефективна личност, која може да се фокусира на конкретна работа без поголем напор и притоа да ужива и да го управува своето време

Читањето е процес што бара и предизвикува неколку сложени реакции - сензорни, искуствени, перцептивни, мисловни... Читаме за да се информираме, за да научиме или за да се забавуваме.
Потврдено е дека постојат многу индивидуални разлики во тоа како и на кој начин читаме. Многумина имаат присвоено лоши навики на читање, кои одземаат време, но и влијаат лошо врз разбирање на прочитаното. Со брзото читање излегуваме на крај со лошите навики, а штедиме и време. Помнењето ни служи за долгорочно потхранување со информации, но и за присетување на нив кога ни е потребно.
Со усвојување на методот брзо читање најмалку тројно се зголемува брзината на читање, се здобива попозитивен став кон читањето и учењето, а како резултат на тоа се станува поефективна личност, која може да се фокусира на конкретна работа без поголем напор и притоа да ужива и да го управува своето време.
Брзото читање од корен го менува приодот кон читањето и учењето, а децата што ќе ја совладаат оваа техника се многу посамоуверени и брзо напредуваат затоа што немаат страв од читање и од учење.
Потврдено е дека поради субвокализацијата, со традиционалното читање еден просечен возрасен читач може да чита со брзина од една до една и пол страница во минута или од 250 до 400 зборови во минута, белетристика.

Традиционалниот начин на читање со векови не се променил, а ние сѐ повеќе треба да учиме, што значи дека ни е потребно усовршување на техниките за читање што помагаат за поголемо искористување и активирање на нашиот мозок.
Од когнитивен аспект, брзото читање се состои од вежбање на усвојување на целината на мислите, т.е да се разбере поентата во неколку одеднаш видени зборови, да се создаде слика од прочитаното, а не да се поврзуваат одделните зборови. Ова се вика контекстуално или активно читање, уште додека читате се донесуваат заклучоци за прочитаното.
Ова е можно со проширување на видното поле, што секој може да го направи, со зголемување на брзината на ритмичното движење на очите, т.н лизгање по текстот и намалување на субвокализацијата за околу 50 проценти. На тој начин, додека читаме паметиме слики и асоцијации, а не зборови, а знаеме дека сликите се паметат подолго и оттаму е тврдењето дека меморијата е посилна при брзото читање. Имено, нашиот мозок не знае што сме прочитале додека не си создаде слика за прочитаното. Важно е да се знае дека вештината брзо читање поттикнува истовремена активност на двете хемисфери.
Брзото поврзување и претворање на прочитаното во слика ве прави поприсутни и со поголемо влијание, нешто што отсуствува при традиционалното читање затоа што мозокот има време да си мисли и на други работи.
Човек се смета за паметен ако развива поголема интелигенција, а ова, во секој случај, е еден од начините бидејќи индиректно се елиминира стресот од мислечки активности, се зголемува свесноста за своите способности, способни сте за подобра организација на своите идеи и, едноставно, имате време за сѐ.
Овој метод е корисен за секого, од ученици, средношколци, студенти, наставници, професори и за сите што сакаат професионален развој. Минималната возрасна граница за совладување на брзото читање е осум години. Не постои ограничување според возраста, интелигенцијата, претходното работно искуство, успехот во училиште, просекот на факултет, професијата или друго.
За време на описменувањето во училиште околу 50 проценти од децата со леснотија го усвојуваат читањето. За другата половина тоа е тешка задача, од кои за 20 до 30 проценти читањето станува една од најтешките когнитивни задачи во животот. Притоа неопходно е да се совлада способноста за гласно читање со точност, со соодветна брзина и изразност. Кога нема да се совлада течното читање, читачите читаат бавно и со напор, што им го отежнува помнењето на прочитаното и поврзувањето на идеите изнесени во текстот со сопственото искуство поради тоа што е нарушен ритамот на читањето. Тие што ќе совладаат течно читање не трошат многу време на препознавање на зборовите, па можат своето внимание да го пренесат на смислата на текстот. Според тоа, дури и кога сме возрасни, кај тие кај кои се јавува поголема потреба од читање, настанува фрустрација што укажува на тоа дека способноста за квалитетно совладување на информациите е чувствително прашање за секој поединец.
Загрижувачки е податокот дека многу родители уште во основното образование им ги читаат и раскажуваат лекциите и лектирите на своите деца.
Често се мешаат поимите концентрација и фокусирано внимание. Концентрацијата е свесно убедување на самиот себе за насочување на вниманието кон нешто. Причините за распрсканоста на честичките на вниманието се слабата мотивација, недостигот од интерес за темата, несоодветна брзина на читање, недостиг од фонд на зборови, лоша организација, но и краткотрајните пораки што доаѓаат од присуството на мобилните телефони, социјалните мрежи, вклучениот телевизор додека читаме.
За разлика од тоа, фокусот е отпуштена состојба на будност што значи да се чита, пишува, решава задачи, да се учи со леснотија, без оптоварување од просторот и од времето. Ова задоволство е еднакво како тоа кога се занимавате со омиленото хоби. Додека тоа го работите немате желба да погледнете во телефонот, во телевизорот....
Брзо читање може да се научи на неколку начини: со присуство на семинар каде што ве води обучувач низ техниките на брзо читање, сами следејќи инструкции во прирачниците за брзо читање или на интернет.

Лоши навики на читање

*Читање на материјалот со иста брзина.
Вашата брзина треба да се менува во зависност од тежината на текстот.

*Читање кога сте изморени.
Ова е многу типично за студентите, како и читање в кревет.
Читањето бара да бидете во продуктивна состојба на умот.

*Настојување да се разбере 100 проценти одеднаш.
Потребно е да се постигне прво мала разбирливост, па да се бараат деталите.

12/04/2019
10/04/2019

ЛОШИ НАВИКИ НА ЧИТАЊЕ

Како да се ослободите од нив за да читате побрзо
Овој текст има околу 700 зборови. На просечен возрасен човек тоа значи дека ќе му одземе
околу 3 минути за да го прочита.
Тоа и не изгледа многу – но ниту малку време.
Не кажува дека можеби читате многу електронски пораки.
Не укажува ниту на фактот дека имате стотици работи кои ги читате секој ден. Не само
книги и весници, туку и упатства, списанија, реклами, наслови и се што е пишуван текст...
Сето тоа е прочитано од вас.
Првиот момент кога престанувате да читате е моментот кога сфаќате дека немате време од
која било причина.
Можеби треба да одите некаде откако ќе завршите работа, можеби треба да направите
нешто пред да заврши денот или можеби читате во кревет а треба да си легнете веќе.
Поентата е дека времето е клучен фактор во определувањето на тоа колку ќе читате.
Ако можете да го решите овој проблем, ќе имате повеќе време. Ќе можете да спиете
подолго, да вежбате повеќе, да завршите повеќе работа или можеби и да прочитате
повеќе.
Но сето тоа е базирано на претпоставката дека читањето не е флексибилна работа.
Реалноста е сосема обратна – дека читањето не е ни одблиску толку фиксирано колку што
си мислите. Може да биде прекинато, променето, забрзано или напреднато.
Страна 1 од 3 Бизнис

Можно е да се дуплира брзината на читање и да се задржи степенот на разбирање без
многу работа. Всушност, ако вложите малку напор, може и трипати побрзо да читате, а да
го зголемите степенот на разбирање.
После сите овие години на “читај бавно и внимателно“, не мислите дека е време за
вистинска техника?
Ако знаете дека вашата сегашна брзина на читање е 200 зборови во минута (1 страна),
размислувајте колку би било добро кога би читале 600 зборови во минута (3 страни).
Размислете и за тоа како се околу вас моментално е подредено и адаптирано на сегашната
брзина на читање. И вашиот животен стил е адаптиран на таа брзина.
Кога еднаш ќе сфатите дека напредувате, ќе почнете да читате се повеќе и повеќе работи.
Ќе читате најмалку двапати побрзо. Ќе се чувствувате одлично.
Или пак ќе завршите со повеќе слободно време во денот. Ќе почнете да се прашувате како
сте биле под стрес толку долго.
Можеби мислите дека сте бавен или брз читач, но нема да знаете се додека не направите
тест. Тестот за брзина на читање е многу лесен да се направи. Ако сакате сами тоа да го
направите, еве како:
НЕОПХОДНИ РАБОТИ:
Одберете текст што никогаш не сте го читале досега (1 или 2 страници)
Земете штоперка
Опуштете се
ПОДГОТОВКА:
1. Нека ви биде удобно седењето, и текстот нека биде пред вас. Сеуште не читајте!
2. Наместете ја штоперката на 0.0
ТЕСТ:
Ако сте спремни, почнете! Нека почне да одбројува штоперката и вие почнете да читате.
Но ова не е трка. Треба да читате онака како што вообичаено читате. Ако не ви удобно,
тоа секако ќе влијае на брзината на читање!
Кога ќе завршите со читање, погледнете колку време тоа ви одзема. Потоа избројте колку
зборови има во текстот. Брзината на читање се мери со зборови во минута. За да ја
добиете брзината, поделете го бројот на прочитани зборови со времето поминато во
читање на истите. Ако сте поминале три ипол минути во читање на две страници тоа би
изгледало вака:
886 зборови / 3.5 минути = 253 зборови во минута
Сега знаете која е вашата брзина на традиционално читање. После ова треба да направите
тест за разбирање на прочитаното.
Дајте го текстот на некој што го знаете и му верувате и нека ве испрашува за содржината.
Или може да почнете да објаснувате на глас.
Ако не можете да го направите тоа успешно, тоа значи дека сте се форсирале при
читањето и дека вашата реална брзина на читање е помала од 253 зборови во минута.
После се, ако не знаете колку сте брзи сега, како ќе знаете колку сте напредувале после
извесно време тренинг? Би било одлично кога ваша цел би било да ја зголемите 4 пати
вашата брзина а не само 2 или 3 пати.
После извесен тренинг пак можете да се тестирате.
Страна 2 од 3 Бизнис

Страна 3 од 3 Бизнис
Единствено што одзема време во оваа постапка е броењето на зборовите, но треба да
знаете дека во просек една страна во книга белетристика има 200 до 300 зборови. И исто
така ако немате штоперка го отежнува мерењето.
Еве некои ЛОШИ НАВИКИ НА ЧИТАЊЕ и како да се ослободите од нив за да читате
побрзо.

1. ЧИТАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛОТ СО ИСТА БРЗИНА
Многу луѓе се обидуваат со иста брзина да го прочитаат материјалот. Но очигледно е дека
некои делови се потешки за читање од други во било кој текст. Вашата брзина треба да се
менува во зависност од тежината на текстот кој го читате. Многумина мислат дека треба да
забават со читањето кај сложен текст, но МАЛКУМИНА ќе забрзаат кај лесен текст.
Пробајте го ова: следниот пат кога ќе наидете на нешто лесно за читање, почнете со
нормална ваша брзина а потоа забрзувајте се додека не ја постигнете реалната брзина за
тој текст. Ќе откриете дека можете многу побрзо да читате лесни текстови.

2. ЧИТАЊЕ КОГА СТЕ УМОРНИ
Вообичаено е особено за студентите да читаат навечер. Ова време е всушност НАЈМАЛКУ
ЕФЕКТИВНО за читање. Исто така кога читате во кревет е уште полошо.
Како правило да знаете дека читањето бара да бидете во продуктивна состојба на умот.
Ако мислите дека еднакво ќе разбирате и мислите во состојба пред спиење тогаш не сте во
право. Треба да читате со АКТИВЕН ум кога имате многу енергија и кога се чувствувате
мотивирано.
3. ОБИД ДА СЕ РАЗБЕРЕ 100% ОДЕДНАШ
Исто така лоша навика е да се скокне во текстот – почнувајќи од НУЛА разбирање и
стремеж да се разбере 100%. Нормално дека нема да успеете во тоа. Наместо тоа треба да
се трудите да стигнете до 100% во еден градуелен процес.
Тој процес не е сложен – најпрво треба да се скенира материјалот еднаш или двапати пред
читањето за да се добие општата идеја за што се работи. За учебници тоа значи да се
прелиста и да се видат насловите и поглавјата. Кога ќе постигнете МАЛА
РАЗБИРЛИВОСТ од 10%, останатите 90% ќе биде многу полесно да се разберат.
Еден од најефективните методи за брзо читање во светот е методот Брзо читање In
Optimum Power reading кој овозможува зголемување на брзината на читање со
истовремено зголемување на степенот на разбирање со примена на техники на
концентрација, мемориски техники и ментални мапи.
За повеќе информации контактирајте не на горе наведените контакти.

inoptimum.com.mk

16/05/2018
Од натпросечно интелигентни образовниот систем ги претвора децата со дислексија во неписмени 24/02/2017

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/od-natprosechno-inteligentni-obrazovniot-sistem-gi-pretvora-decata-so-disleksija

Од натпросечно интелигентни образовниот систем ги претвора децата со дислексија во неписмени Ги гледам буквите, но не можам да ги прочитам, потоа ако ги затворам очите, пред мене излегува слика од зборот, значи го гледам визуелно, но ми треба време да го дешифрирам знакот, односно да го кажам називот. Вака својот проблем со читање и пишување го опишува македонската глумица Катина Иванова.

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Address


Borka Talevski 17a
Skopje
1000