E-RA, Ekonomski Fakultet Skopje

E-RA, Ekonomski Fakultet Skopje Добредојдовте на официјалната страна на Економска Работилница Е-РА, при Економскиот Факултет во Скопје, на Facebook.

Е-РА има за цел да ги поттикне студентите на Економски Факултет, во соработка со асистентите, да работат, истражуваат, пронаоѓаат, да креираат, да ги прошират сопствените и знаењата на другите колеги преку изработка на комплетна презентација (од студенти за студенти, од асистент за студент) на одредена тема од од областа на економијата за која истите се заинтересирани и имаат одредено предзнаење. Студентите ќе добијат шанса да работат на одредено поле кое го сакаат, да ја моделираат презентацијата на начин кој сметаат дека ќе биде најблизок до студентите за да го разберат и примат знаењето. Ќе добијат и одговорност со самото бирање на темата да ја изработат најдобро што можат, со што самата изработка ќе влијае и врз подобрување на нивните технички и презентациски способности. Студентите кои ќе ги посетуваат презентациите ќе се здобијат со знаења надвор од задолжителните универзитетски книги, дела и материјали, можност да отворат дискусии за одбраните теми и да ги прошират сопствените способности за комуникација и знаење. За Економскиот Факултет, овој проект ќе добие на значење кон подобрување на профилот на дипломиран економист. Истиот ќе развие далеку поголем видик за можности и истражувања, знаења и способности и ќе ги насочи идните генерации студенти да го рашират својот круг на академски граѓанин и надвор од границите на формалното образование кон подобрување на своите квалификации, а со тоа и додавање поголема вредност за општеството.

Повик до сите Вас,Драги студенти, драги E-ровци,  вака се роди првата Е-РА, како идеја што беше запишана во книга за вре...
04/01/2017

Повик до сите Вас,
Драги студенти, драги E-ровци, вака се роди првата Е-РА, како идеја што беше запишана во книга за време на пауза а изоде пат од година дена за да се реализира како работилница💡Идеја што собра неформално на маса 6 студенти кои веруваат дека трагањето по знаење и желбата да се истражува и да се води дискусија за теми од академска и професионална област е можност за сопствено надоградување и можност што не смее да се пропушти. Идеја која ја реализираа повеќе од 130 студенти преку 4 економски работилници. Идеја која е сеуште барана од вас драги студенти.
Со оглед на Вашата заинтересираност преку нашата официјална страна Ве повикуваме сите оние кои сте заинтересирани, кои храбро ќе застанете да го одбраните нејзиното постоење, да продолжите кон нејзина реализација за да не остане само убав белег туку и понатамошна традиција на Економскиот факултет во Скопје.

Традиција, знаење и иднина!

Со почит,
Е-РА

14/10/2015

AllWeb оваа година на сцена ќе донесе петнаесетина говорници, реномирани експерти од сферата

Успешно реализирана и четвртата работилница. Учењето и дружењето во еден спој. Продолжуваме понатаму!
27/04/2015

Успешно реализирана и четвртата работилница.
Учењето и дружењето во еден спој. Продолжуваме понатаму!

Е-РА 4 со дилемата:„Која е сличноста помеѓу комуникацијата и водата?“
27/04/2015

Е-РА 4 со дилемата:„Која е сличноста помеѓу комуникацијата и водата?“

Е-РА 4
27/04/2015

Е-РА 4

Ево го и списокот на учесници на четвртата Е-РА.Тема: Ефективна комуникација и менаџмент на конфликт. Датум и време: 27/...
23/04/2015

Ево го и списокот на учесници на четвртата Е-РА.
Тема: Ефективна комуникација и менаџмент на конфликт.
Датум и време: 27/04/2015 во 16.00 ч.
Модератори Ана Штрковска и Маја Трајкова.

21/04/2015

Почитувани колеги, апликациите за Е-РA 4 се ОФИЦИЈАЛНО ЗАТВОРЕНИ. За кратко објавуваме кои се првите 35 студенти кои ќе учествуваат. :)

Е-РА 3 „Теорија за портфолио оптимизација"Успешно завршена :)
08/04/2015

Е-РА 3 „Теорија за портфолио оптимизација"
Успешно завршена :)

Третата Е-Ра е во тек. Ја продолжуваме традицијата. :)
08/04/2015

Третата Е-Ра е во тек. Ја продолжуваме традицијата. :)

Теорија за портфолио оптимизација"8 април 2015 годинаЕкономскиот факултет - Скопје (СМЕБЕ)14.00-16:30Модератори: Костади...
07/04/2015

Теорија за портфолио оптимизација"
8 април 2015 година
Економскиот факултет - Скопје (СМЕБЕ)
14.00-16:30
Модератори: Костадин Ристовски и Иван Трајков
Ментор: проф. д-р Драган Тевдовски

Address

Skopje

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when E-RA, Ekonomski Fakultet Skopje posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to E-RA, Ekonomski Fakultet Skopje:

Shortcuts

Share

Category