15/09/2026
За сметководителите и овластените сметководители, учеството на 7. Германско-македонска конференција за контролинг носи и дополнителна професионална вредност — 8 КПУ часови преку Институтот на сметководители и овластени сметководители – ИСОС.
На 30 септември во Скопје, конференцијата ќе отвори дискусија за промените кои веќе го трансформираат контролингот и финансиското управување — од примената на вештачката интелигенција и дигитализацијата, до новите знаења и компетенции што ќе бидат потребни во иднина.
Под главната тема “Current Challenges in Controlling – AI, Digitalization and Reskilling”, учесниците ќе имаат можност да слушнат искуства и ставови од експерти од финансискиот сектор, банкарството, осигурувањето, технологијата и индустријата.
Дополнително, за учесниците кои ќе се пријават преку AHK North Macedonia или ИСОС е обезбедено 50% субвенционирање на котизацијата за учество.
📅 30 септември 2026
⏰ 09:30–16:00
📍 Heidelberg Faculty of Skopje
📝 Пријавување до 29 септември
⚠️ Бројот на учесници е ограничен.
https://ibmhs.eu/7th-german-macedonian-controlling-conference/