10/06/2026
🎓✨ ПРВА ПОЛУМАТУРСКА ПАРАДА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ✨🎓
Денес во реонскиот парк во Ѓорче Петров, се одржа големата Полуматурска парада 2026 - настан посветен на нашите полуматуранти, нивниот труд, успех и новиот чекор кон иднината.
Со зурли и тапани, македонски ора, награди за ученици и наставници и многу позитивна енергија.
Нашите ученици, се претставија со народното оро Четворка.
Награда за најдобар другар ја доби Андреј Димитриевски 9¹одд.
Андреј ти посакуваме и понатаму да споделуваш поддршка, сплотеност помеѓу твоите другари.
Награда за инспиративен наставник ја доби наставничката Ружица Димоска.
Честитки и успех во иднина!
Нивна приказна.
Наша радост.