Контекст, како друштво за едукација, е основано во 2007 година кога сопственичката и управителка, Александра Божиновска одлучи својата страст кон културната размена и придобивките коишто самата таа ги добила како учесник во програми за културна размена, да ја преточи во секојдневие. Ау паир програмата (програмата за бебиситери во Европа и САД) е коренот на културната дејност на нашата компанија. П
ридобивките што ги носат културната размена и образованието отсекогаш биле клучни фактори во нашата мотивација, посветеност и пред се, љубов кон програмите што ги нудиме. Денес, Контекст е лидер во образовниот туризам и со гордост на младите ентузијасти им ги доближува програмите за јазични курсеви, бебиситери, додипломски и постдипломски студии како и програмите за сезонска работа за студенти во САД и Европа. Безбедноста на студентите е наш приоритет , а нивното задоволство наша цел. Нашиот тим верува дека не постојат граници на успехот и токму затоа, амбициозно се залага за спојување на потенцијалните студенти со идеални програми, според нивните желби и потреби. Довербата што ни ја укужауваат многубројните кандидати е нашето признание за успех и орден за нашето залагање за важноста што културната размена ја игра во формирањето на карактерот на младите поединци.
Се стремиме кон квалитет во услугите и секој член од нашиот тим е поранешен учесник во една од програмите за културна размена коишто ги нудиме. Секогаш се трудиме одблиску да ги доловиме реалните ситуации со коишто кандидатите би се соочиле и соодветно да ги подготвиме за идните предизвици.