Здравко Цветковски - Zdravko Cvetkovski

Здравко Цветковски - Zdravko Cvetkovski

Share

Online Flipbook 28/05/2026

Во новото издание на училишниот весник се собрани успесите, активностите, настаните и спомените што го обележаа изминатиот период. Овие страници се доказ за трудот, талентот и енергијата на нашите ученици, како и за нивната посветеност и креативност.
Благодарност до сите кои ја збогатија содржината на училишниот весник.
Клас: III 1
Дизајн: Амра Садиковиќ, А4д
Одговорен наставник:Јасмина Лековска

Online Flipbook Created with the Heyzine flipbook maker

Photos from Здравко Цветковски - Zdravko Cvetkovski's post 27/05/2026

Во периодот од 18 до 23.5.2026г. се реализираше шестдневна ескурзија во Италија со попатна посета на Белград и Љубљана и посета на Лидо Ди Јесоло, Верона, Сирмионе со езерото Лаго Ди Гарда, Милано и Венеција со обиколка на сите нивни знаменитости. Одговорни професири беа Каролина Ивановска, Мелита Чаушоска, Радица Николовска и Милена Илиевска.

Photos from Здравко Цветковски - Zdravko Cvetkovski's post 22/05/2026

Во периодот од 14-16.05.2026 училиштето организираше тридневна екскурзија за учениците од прва и втора година во Атина-Грција, каде беа посетени многу знаменитости: Акропол, Плоштад Омониа, Плоштад Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, познатото летувалиштате Глифада, и најужниот дел од европското копно рт'от Сунион, каде се наоѓаат остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот ‘рт во слава на богот Посејдон како и Пиреја, најголемото пристаниште на Балканот, со нејзините марини каде се стационирани најмодерни јахти од целиот свет.
Во екскурзијата беа вклучени 167 ученици од прва и втора година и 9 професори: Јасмина Николовска, Радмила Тодоровски, Весна Младеновска, Мелита Станковиќ, Арлинда Османи, Ана Ковачева, Маја Ангелковиќ Велеска, Јасминка Атанасова Симјановска и Мухамед Зенуни.

Photos from Здравко Цветковски - Zdravko Cvetkovski's post 22/05/2026

Обука за ракување со ПП апарат

Photos from Здравко Цветковски - Zdravko Cvetkovski's post 22/05/2026

На ден 19.5.2026 год. учествувавме на Државно првенство Атлетика за средни училишта кое се одржа во Куманово.
Одговорен наставник Наум Капричевски

Photos from Здравко Цветковски - Zdravko Cvetkovski's post 22/05/2026

На 18.05.2026 година, учениците од прва година година, образовен профил Архитектонски и Градежен техничар А1в и Г1а, заедно нивните професори м-р. Ангелка Михајловска и Верица Коцева, реализираа едукативна посета на комплекс објекти на GRAND Sкопје. Учениците беа пречекани од представници на инвеститорот Катина Сутоглу, Методи и Адријана кои подетално ѓи запознаа со работите што се изведуваат на градилиштето. Учениците покажаа голем интерес и поставуваа прашања поврзани со градбата.
Оваа посета беше доста едукативна за нашите ученици како идни инженери.
Голема благодарност до представниците на комплекс објекти на GRAND Sкопје за гостопримството и професионалната соработка.

Photos from Здравко Цветковски - Zdravko Cvetkovski's post 22/05/2026

На 15.05.2026 година, дел од учениците од трета година, образовен профил Градежен техничар Г3а, заедно со проф. м-р. Ангелка Михајловска, реализираа едукативна посета на комплекс објекти на GRAND Sкопје. Учениците беа пречекани од претставници на инвеститорот Катина Сутоглу, Методи и Адријана кои подетално ги запознаа со работите што се изведуваат на градилиштето. Учениците покажаа голем интерес и поставуваа прашања поврзани со градбата.
Оваа посета беше едукативна за нашите ученици како идни инженери.
Голема благодарност до претставниците на комплекс објекти на GRAND Скопје за гостопримството и професионалната соработка.

Photos from Здравко Цветковски - Zdravko Cvetkovski's post 21/05/2026

📢 Ученици од нашето училиште под менторство на проф. м-р Ана Филипоска како дел од Националниот младински форум „Here to Stay“ во Скопје!

Ученици од нашето училиште беа претставници на Националниот младински форум „Here to Stay“, каде активно учествуваа во креирањето и усвојувањето на „Youth Declaration on Inclusive Governance and Peacebuilding“ – декларација посветена на поголемо учество на младите во донесувањето одлуки, градењето мир и создавањето подобри можности за иднината. 🤝🌍

Преку дискусии, размена на идеи и заедничка работа со млади од различни средини, нашите ученици дадоа свој придонес кон визијата за поинклузивно, демократско и солидарно општество, каде младите се слушнати, почитувани и активно вклучени.

Овој форум претставуваше одлична можност за стекнување нови искуства, развој на лидерски вештини и поттик за понатамошен младински активизам.

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Website

Address


бУлица , Партизански Одреди" бр. 91
Skopje
1000