27/04/2026
АКУД „Мирче Ацев“ на фестивал во Анкара, Турција📍 🇹🇷
It presents its artistic achievements in the country and abroad and successfully promotes Macedonian cultural achievements.
Академското културно-уметничко друштво "Мирче Ацев" е формирано во текот на 1949 година, со одлука на Универзитетскиот одбор на Студентската младина на Македонија.
Активностите на Друштвото започнаа да се одвиваат преку Академскиот хор, Фолклорниот ансамбл, Академската сцена, Народниот и Изворниот оркестар, како и преку Детското фолкорно студио. Своите уметнички достигнувања ги презентира во наша
27/04/2026
АКУД „Мирче Ацев“ на фестивал во Анкара, Турција📍 🇹🇷
30/11/2025
Традиционално и оваа година, го одржуваме нашиот годишен концерт.
📅 Датум: 01.12.2025
📍 Локација: НУ Драмски Театар
⏰ Час: 19:00 часот
Се гледаме!👋🏻
05/10/2025
19/09/2025
🎉 Почитувани љубители на фолклорот🎉
Со започнувањето на септември ги отвораме уписите за нови членови во еден од најнаградуваните ансамбли во Македонија.
💃 Што нудиме?
✔ Стручен и професионален кадар
✔ Секции: фолклор, пеење и инструменти
✔ Настапи во земјата и странство
✔ Одлични услови, дружење и нови пријателства
☝🏻Кој може да се запише?
Сите со возраст над 5 години
📞 За информации и запишување:
070 279 948 – Благоја
✨ Придружете ни се и зачекорете во ритамот на македонската традиција!
19/09/2025
🎉 Почитувани љубители на фолклорот🎉
Со започнувањето на септември ги отвораме уписите за нови членови во еден од најнаградуваните ансамбли во Македонија.
💃 Што нудиме?
✔ Стручен и професионален кадар
✔ Секции: фолклор, пеење и инструменти
✔ Настапи во земјата и странство
✔ Одлични услови, дружење и нови пријателства
☝🏻Кој може да се запише?
Сите студенти кои имаат желба да се дружат, патуваат и да ја претставуваат македонската традиција и култура во земјата и странство☺️
📞 За информации и запишување:
070 279 948 – Благоја
✨ Придружете ни се и зачекорете во ритамот на македонската традиција!
02/09/2025
Меѓународниот студентски фолклорен фестивал, познат и како „Фестивал на солидарноста“, и оваа година го збогати културниот живот на Скопје. Идејата за фестивалот потекнува од студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а неговата цел е да ја негува традицијата, пријателството и културната размена меѓу народите.
Фестивалот е организиран во знак на благодарност кон сите земји кои помогнаа во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година.
Оваа година, настанот се одржа од 21 до 25 август, под домаќинство на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ од Скопје.
Фолклорни ансамбли од Мексико, Северен Кипар, Романија, Полска и Македонија ги претставија своите богати традиции преку настапи и активности низ градот, создавајќи незаборавна атмосфера за учесниците и публиката.
Голема благодарност се упатува до директорот Благоја Јованоски за неговата беспрекорна организација и посветеност, како и до спонзорите на фестивалот оваа година – Министерството за култура и туризам и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.