03/12/2025
Се чини, обичните цигари го изгубија местото како "предизвик" за младата популација. Да се проба нешто што возрасните го користат, да се докаже некаква "храброст", да се стекне некаков "фраерски" статус во друштвото, да се прави нешто забрането....Тоа на одредена возраст е појава која може да доведе до опасни последици.
Многу опасни никотински продукти се шират денес меѓу младата популација.
Вејп и снус-дрогата стануваат сѐ поатрактивни и подостапни за младите, за тоа алармираат сите, а се гледа и од новинарските статуси кои постојано се навраќаат на овој проблем. Но, дали кај нас се прави доволно за овој проблем, дали родителите се свесни колку нивните деца се лесна цел, дали децата се свесни на какви опасности се изложуваат? На овие и на уште многу прашања се обидоа да дадат одговор учениците Пале Спасова, Елиф Демир, Милан Спасевски, Матеј Давидовски, Лео Андов и Марко Стојевски од 8б одд. во ООУ"Стив Наумов" Скопје. Истражуваа, сумираа и пред своите соученици ги презентираа своите заклучоци. Со цел да ја подигнат свеста за опасностите од зависности и заштита на сопственото здравје, тие се обидоа да ги изложат сите аргументи против користењето на било какви никотински средства. Презентацијата и дискусијата се одвиваа на 01.12.2025 год. на часови на одделенска заедница.