Соулкрафт Младинско Друштво - Soulcraft youth

Соулкрафт Младинско Друштво - Soulcraft youth

Share

Цел да се предизвика физичка, интелектуална и духовна надградба врз основите на учењата од Библијата

Ние сме екипа во која ќе наидеш на разбирање, респект, братска (сестринска) љубов и желба за прогрес на секое поле во животот. Ние сме фокусирани на духовен, физички и интелектуален раст и развој на младите луѓе и студенти во нашиот град Скопје и веруваме дека основите опишани во Библијата се највредните нешта во кои може еден човек да го постави темелот на својот идентитет и интегритет за да може да го живее животот со цел и на еден посебен (докажано добар) начин.

Photos from Соулкрафт Младинско Друштво - Soulcraft youth's post 13/11/2024

Приллучи ни се во проучување на Евангелието по Јован секоја среда на Булевар Илинден бр. 9, Скопје

soulcraft

19/09/2024

Започнува новата сезона на Библиски проучувања и младиснки дружби! Добредојдени сте 😇

Photos from Соулкрафт Младинско Друштво - Soulcraft youth's post 07/01/2024

Денес Соулкрафт сподели со уште еден вагон деца Македонци, Албанци и Турци за важноста на Божик и Исус Христос во нашите животи.

Христовото раѓање е најголемиот подарок што секој човек може да го добие. ❤️

Слава му во вечни векови! Амин.

Photos from Соулкрафт Младинско Друштво - Soulcraft youth's post 06/01/2024

Денес го имавме првиот Божиќен вагон на кој што го споделивме евангелието за нашиот Господ Исус Христос со многу фамилии чии деца не слушнале за нашата голема радост.

Македонци, Албанци и Роми - за Исусовата милост и љубов нема граници ❤️🙏

Photos from Соулкрафт Младинско Друштво - Soulcraft youth's post 30/12/2023

Зборувавме за приоритетите на еден христијанин.

Денес за нас приоритетот беше да се собереме и да поминеме заедничко креативно време за слава на Исус Христос кој е приоритет број 1 во животот на еден христијанин.

“И да бидеме внимателни еден кон друг за да се поттикнуваме кон љубов и добри дела, не изостанувајќи од собранијата ка­ко што некои имаат обичај, туку да се по­учуваме еден друг, и тоа во толку по­веќе, до колку гледате дека се прибли­жува судниот ден.„
‭‭Евреите‬ ‭10‬:‭24‬-‭25‬ ‭MK2006‬‬

Photos from Соулкрафт Младинско Друштво - Soulcraft youth's post 23/12/2023

Нема поголем уметник од Бог - Неговите креации се за восхит.
Ама и ние не сме лоши 😇😀🎨

15/11/2023

Видеово нема врска со тоа што сакал Свети Апостол Павле да му каже на Тит ама Тит е книга од Библијата што вреди да се прочита, па еве ви еден стих за штрафење во вашата меморија ⤵️ 😅

„Бидејќи и ние некогаш бевме нера­зумни, непокорни, заблудени, бевме ро­бови на желби и на разни сладострастија, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни, се мразевме еден со друг. А кога се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител, Бог, Тој нѐ спаси, но не според из­вр­ше­ни­те од нас праведни дела, туку по Сво­јата милост, преку бањата на преродување – и обновувањето од Светиот Дух, Кого изобилно Го излеа на нас преку Исус Христос, нашиот Спасител, та оправдани со Неговата благодат да станеме по надеж наследници на вечниот живот.“
‭‭Тит‬ ‭3‬:‭3‬-‭7‬ ‭MK2006‬‬

П.С. Еве официјална покана за да дојдете во црква на младински да ги ставиме заедно работите во пракса 😊

14/11/2023

„Железо железо остри, и човек на човека гневот го изострува.“
‭‭Изреки‬ ‭27‬:‭17‬ ‭MK2006‬‬

Младите од Соулкрафт се острат од Божјото слово секојдневно, се поддржуваат едни со други и си укажуваат на вистината кога некој ќе застрани.

Нема лабаво 😀❤️

30/10/2023

📖 Во книгата ‭‭Излез‬ ‭12‬:‭23‬ пишува за спасение кое Бог го дал за фамилиите чии влезни врати биле означени.

Ние лепиме Библии на влезните врати од зградите симболично, паралелно знаејки дека спасението доаѓа за сите преку читање на Библијата и прифаќање на Исус како спасител.

Ние излегуваме да лепиме на 5 Ноември а вие
скенирајте и читајте 😇

https://www.bible.com/mk/app

19/10/2023

📖 Во Јован 6:3 читаме за примерот кој го оставил Исус Хростос за нас напишан во Библијата. Би сакале и ние да се искачиме на нашата планина Водно за еден скромен пикник, запознавање и добар разговор.

⛰️Ќе се качуваме пополека ако треба и со одмори за без напор да стигнеме до средно Водно.

🔁Ова е едномесечна експедиција која ќе трае околу 2 часа.

🍐🍎 Добредојдени се сите од 18-24год или љубители на добри сезонски плодови.

Пиши, те очекуваме ! 🙂

Photos from Соулкрафт Младинско Друштво - Soulcraft youth's post 11/10/2023

Одлична прилика за запознавање со нашето друштво, што правиме, зошто правиме и како постигнуваме напредок на духовно, физичко и интелектуално ниво.

Придружете се на следните настани:

⏰ Петок(13/окт) од 11:00-15:00 на музика игри и пикник дружење
📍 Во градски парк скопје спроти кафичот
🕹️ Игри: корнхол и спајкбол


⏰ Петок(13/окт) од 18:00-20:00 дружење
📍 Капитол мол - 4боулинг (место на чекање пред капитол)
🎳 Игри: Куглање
🌟 Бесплатни 10 фрлања за првите 30 пријавени учесници
❗️потребна е регистрација во порака или телефонски

⏰ Сабота (14/окт) од 11:00-15:00 на музика игри и пикник дружење
📍 Во градски парк скопје спроти кафичот
🕹️ Игри: корнхол и спајкбол

⏰ Сабота(14/окт) од 19:00-22:00 дружење
📍 СГУ Орце Николов - надвор на терените
🏐⚽️ Игри: Одбојка и Фудбал
🌟 Бесплатни за сите учесници на фудбалскиот Турнир и опуштена одбојка
❗️ Тимовите се ограничени и е потребна регистрација во порака или телефонски

⏰ Вторник (17/окт) од 19:00-22:00 дружење
📍 Скај Карт Волково - поаѓање од паркингот пред зоолошка
🏎️ Игри: Картинг
🌟 Бесплатни билети за првите 30 учесници
❗️ Потребна регистрација во порака или телефонски

Самостојно ќе се погрижите за безалкохолните пијалоци на сите настани.

Тел: 071795796

Добредојдовте 😊

05/10/2023

❓Дали знаевте дека Библија (biblia) на старогрчки значи книги (множина) и дека во тие книги имаме цела поука за животот и вистината на еден христијанин?

📖⏱️Прочитајте што пишува во 2 Тимотеј 3:16-17 и повелете на дискусија оваа Сабота во 18:00.

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Address


БУлица Илинденско Востание
Skopje
1000