Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер

Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер Официјална Facebook страница на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер – Скопје

Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер–Скопје во состав на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје е основан на 26 април 2010 година со посебен закон донесен во Собранието на Република Македонија.
Факултетот е следбеник на четиридецениската традиција на студиите од областа на дрвната индустрија, механичката технологија на дрвото и проектирање на мебел и ентериер што до учебната 2009/10 година се организираа во рамките на студиските програми на Шумарскиот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Факултетот за дизајн и технологија на мебел и ентериер претставува единствена високообразовна и научно–истражувачка установа од областа на технологијата на дрво и дизајн на мебел и ентериер.

16/08/2026

#ФДТМЕ #УКИМ #уписи #уписи2026 #конкурс2026

Објавен е конкурсот за запишување на прв циклус студии на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер во учебн...
17/07/2026

Објавен е конкурсот за запишување на прв циклус студии на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер во учебната 2026/27 година. Сите информации во врска со конкурсот за запишување (регистрација, потребни документи, доставување на документите, сметки за уплата, локација на факултетот ...) можете да ги добиете на веб страната

http://www.fdtme.ukim.edu.mk/upisi-2026/

29/06/2026
12/06/2026
Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер-Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ...
03/06/2026

Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер-Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во соработка со НЛБ Банка АД Скопје, распишува Конкурс за креирање на концепт за редизајн на експозитура.
Временски рок за изработка на конкурсниот труд е 20.06.2026 год.

Потребната техничка документација можете да ја најдете на веб страницата на Факултетот
http://www.fdtme.ukim.edu.mk

За повеќе информации пишете на [email protected]

На Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер беше свечено отворена годишната изложба на студентите за учебна...
02/06/2026

На Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер беше свечено отворена годишната изложба на студентите за учебната 2025/26 година. Честа да ја отвори изложбата и припадна на Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, а пред присутните се обрати и деканот на Факултетот, птоф. д-р Ѓорги Груевски, истакнувајќи го значењето на креативниот развој, знаењето и професионалниот напредок на студентите.
Изложбата им овозможи на посетителите одблиску да ги разгледаат иновативните решенија и визии на студентите од областа на дизајнот на мебел и ентериер.

Годишната изложба на студентите од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ќе се одржи во периодот од 2 до...
27/05/2026

Годишната изложба на студентите од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ќе се одржи во периодот од 2 до 9 јуни 2026 година, во холот пред амфитеатарот 20.

Отворањето на изложбата ќе се одржи на 2 јуни 2026 година, со почеток во 11 часот.

Ве очекуваме ! 😊

Address

Улица 16-та Македонска бригада бр. 3 п. фах 223
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер:

Share