Едукативниот центар Арс Ламина настанува како заокружување на една целина, поврзувајќи ја учебникарската издавачка дејност на Арс Ламина и здружението на наставници - Дидакта Нова во коешто членуваат врвни практичари, искусни наставници и педагози, кои работат според најсовремените методи во наставата.
За да може да стане нивното знаење подостапно до младите генерации, нашиот едукативен центар се погрижи да ги обезбеди најсовремените нагледни средства кои се користат во наставата. Со употреба на Smart таблата се поедноставува преносот на знаења и се приближува контактот наставник-ученик, а бројните дидактички материјали ја поттикнуваат логиката кај учениците во пониските одделенија. Целта на постоењето на едукативниот центар е да ги подигне стандардите во образованието, нудејќи современ начин на стекнување знаења. Тој е замислен да ги понуди најдобрите можни опции во неколку сегменти:
• Дневен престој (одделенска настава)
• Помош за следењето во наставата по сите предмети (одделенска настава)
• Математика (одделенска настава 1-5 одд.)
• Природни науки (одделенска настава 1-5 одд.)
• Математика (предметна настава 6-9 одд.)
• Природни науки (физика, хемија, биологија)
• Математика (средно училиште)
• Физика (средно училиште)
• Хемија (средно училиште)
• Биологија (средно училиште)
• Доедукација на наставници
• Саботно згрижување
• Подготовка за државна матура
Сместени во центарот на градот (ул.„Стив Наумов“ бр.102б), во пријатна и тивка атмосфера, нудиме безбедно згрижување на вашите најмили. Во пријателска средина, опкружена со грижа, внимание и многу љубов, изучуваме интересни работи, користејќи ги најсовремените нагледни средства.