02/06/2026
🎓 Професионално усовршување на наставниците!
Во периодот од 26 до 28 мај 2026 година, во Струга се одржа приоритетна обука наменета за кариерните советници од средните училишта во Македонија. Обуката, акредитирана од Бирото за развој на образованието, беше во организација на „Глобал Нет Адв“ на тема: „Напредни техники и алатки за кариерно советување, индивидуално насочување и поддршка на учениците“.
✨ Во овие значајни активности беше вклучена проф. Ивона Велковска, кариерен советник и претставник од нашето училиште СУГС „Кочо Рацин“ – Скопје.
Преку инспиративни предавања и интерактивни работилници водени од обучувачите, учесниците се запознаа со современи алатки за кариерно водење. Ова тридневно искуство беше одлична можност за продлабочување на знаењата и вештините, споделување успешни практики, но и за раѓање нови идеи и идни соработки.
#СУГСКочоРацин #КариерноСоветување