Едукативен центар Мозаик

Едукативен центар Мозаик

Share

Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Едукативен центар Мозаик, Education, Skopje.

Photos 26/08/2016

Една недела пред почеток на училиште да поттикнеме интерес за читање

Photos 25/08/2016

Да научиме нешто за сообраќајот и да ја вежбаме прострорната ориентација

Photos 23/08/2016

Како играта делува на развојот на Вашето дете?
- Учите да работите со ножици
- Развивате моторика на дланката (сечење со ножици, лепење..)
- Учите денови во недела
- Учите месеци во година
- Учите годишни времиња
- Прави разлика во поимите денес, утре, вчера
- Вашето дете полесно го учи датумот на сопствениот роденден и родендените на блиските луѓе
- Вежбате пишување
- Вежбате броеви и бројна количина
- Повторувате бои
- Вашето дете прави генерализација на поимите понеделник,вторник среда четврток петок сабота и недела во ДЕНОВИ ВО НЕДЕЛА, јануари....во МЕСЕЦИ ВО ГОДИНАТА, пролет...во ГОДИШНИ ВРЕМИЊА
- Вешето дете во текот на одбројување до сопствениот роденден временските интервали ги става на свесно ниво ( неделата трае подолго од денот а пократко од месецот, месецот трае подолго од денот и неделата а пократко од годината)
- Комуницирате и емоционално се врзувате со Вашето дете

Photos 23/08/2016

Како играта делува на развојот на Вашето дете?
- Учите да работите со ножици
- Развивате поим за долго и кратко (сечете долги, кратки фустани, панталони...)
- Правите разлика долго, подолго, најдолго – кртко, пократко, најкратко
- Вежбате бројна количина (колку различни ликови ќе направите
- Повторувате бои (ткаенината е во различни бои)
- Развивате моторика на дланката (сечење со ножици, лепење..)
- Учите просторна ориентација на лист (главата горе, долу под главата кошула, долу под кошулата панталони...)
- Учите редослед (прво глава, после облека...)
- Правите тактилна десензибилизација (се работи со различна текстура)
- Комуницирате и емоционално се врзувате со Вашето дете

Photos 12/08/2016

Како играта делува на развојот на Вашето дете?
- Се развива фантазијата на Вашето дете
- Ја развивате моториката на рацете
- Ја вежбате менталната мапа односно представното ниво
- Повторувате бои (фломастерите се во различна боја)
- Вежбате просторна ориентација (зелениот фломастер е пред тебе, жолтиот десно од тебе..)
- Комуницирате и емоционално се врзувате со Вашето дете

Photos 11/08/2016

За сите што мислат дека играњето е помалку важно, еве причини зошто би ја играле играта со вашето дете...

Како играта делува на развојот на Вашето дете?
- Развивате поим за тврдо и меко (лушпите од ореви се тврди, пластелинот е мек)
- Развивате поим за големо и мало (големо топче за главата и нозете, мали топчиња за очите)
- Правите разлика големо, поголемо најголемо
- Вежбате бројна количина до 5
- Повторувате бои (пластелинот е во различна боја)
- Развивате моторика на дланката (помош за кршење на оревот, полнење на лушпата со пластелин, правење дупки на пластелинот наменет за очите)
- Правите тактилна десензибилизација (се работи со различна текстура)
- Комуницирате и емоционално се врзувате со Вашето дете

09/08/2016

"Во моментот кога ќе се вратите од работа а во Вашата куќа среќавате странец кој ги учи Вашите деца да се тепаат или се обидува да им продаде различни производи, сигурно веднаш би го избркале. Од друга страна, влегувате дома а Вашиот телевизор е вклучен. Зарем не ви се чини дека тоа е исто?"
Jerome Singer

НЕ, за телевизорот, таблетот, телефонот и компјутерите, ШТО СЕГА ?
Сведоци сме на истражувања кои укажуваат на се поголема зависнот кај децата од телевизијата, компјутерите, таблетите, телефоните, и тоа уште од најмала возраст. Во голем дел од тие истражувања експертите препорачуваат максимален период за поминување со наведените уреди од околу 30ина минути во текот на денот.
Секоја минута над овој период ја зголемува можноста детето да манифестира несоодветно однесување или одредени отстапки во развојот.
ЗОШТО?
Гледањето на телевизија, играњето игри или гледањето на некоја содржина на телефон е пасивна активност. Детето без зборување ги следи понудените активности кои изобилуваат со визуелни стимулации. Тоа не е моторно активно, не создава искуства преку обиди и грешки и не разговара со другите околу себе, што е многу важно особено во првите неколку години од развојот.
На пример во текот на четвртата и петтата година од развојот децата преку имитација и поистоветување со одредени ликови формираат трајни навики и особини. Имитацијата е свесен процес кој детето може да го контролира, меѓутоа поистоветувањето со лик се формира преку несвесно "копирање" на навиките и ставовите од ликови кои се важни за детето. На тој начин доколку детето од било кои причини се остава долг временски период пред електронските уреди, наместо од ликовите од блиското опкружување, детето се поистоветува со ликовите од содржините кои најчесто ги гледа и кај тоа дете се појавува "копирање" на однесувањето на истите.
Така дете кое следело цртани филмови со Том и Џери ќе турка предмети, ќе трча ќе пие млеко од чинија и слично.

ШТО МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ?
1. Читајте им на децата
2. Ограничете го времето за телевизија, компјутер, телефон
3. Давајте им обврски на Вашите деца
4. Поттикнувајте гледање на едукативни програми
5. Забранете Вашето дете да гледа програма во која има насилство
6. Разговарајте за рекламите
7. Направете разлика помеѓу реалноста и фантазијта
8. Бидете Вие пример за Вашето дете
9. Поттикнете го детето на различни спортски активности или музика
10. Играјте си со Вашето дете
Со последниот совет од делот на тоа што можете Вие да направите за Вашето дете се согласуваат и мноштво на психолози кои го истражувале потеклото на играта и нејзините биолошки основи. Тие истакнуваат дека кај детето играта има голема улога во психичкиот развој а таа не се појава кај детето се додека непосредно МУ СЕ ЗАДОВОЛУВААТ сите потреби. Како мотив за играње најчесто се желбите кои неможат да се задоволат веднаш. Така кај дете на три години веќе се забележува мотивот да го прави она што го прават возрасните. Бидејќи не е во можност да ги изведе вистинските активности, детето се обидува истите да ги направи имагинативно преку игра. Посложените игровни активности му овозможуваат на детето преку играта на прифатлив начин да си ги остварува забранетите желби, а во понатамошниот развој полека да се воведуваат и правила во играта каде на еден начин се поставува и основата за успешна социјализација на децата.
ИГРА….како, што, дали ќе му одговара на моето дете?
Секоја игра со мали варијации одговара на секое дете. Така во текот на месец МАРТ секојдневно ќе имате можност да прочитате по една нова игра која можете да ја реализирате со Вашето дете во Вашиот дом и да учествувате во неговиот развој.

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Website

Address


Skopje