Центарот за странски јазици Момент мал е основан во мај 2006 година како агенција за преведувачки услуги и центар за организирање на курсеви по странски јазици за деца и возрасни. Момент мал, исто така, организира и обуки за преведувачи за писмен превод и толкување.
Момент мал обезбедува секаков вид на преведувачки услуги: писмен превод на документи од областа на правото, социјалната политика, е
кономијата, маркетингот, трговијата, образованието, медицината, фармацијата, информатиката, автомобилизмот, телекомуникацииите, туризмот, ЕУ законодавството, законодавството на Република Македонија итн. Момент мал врши симултан и консекутивен превод (толкување) на официјални настани како што се: семинари, конференции, работилници, обуки, состаноци итн.
Ние сме високопрофесионална компанија со над 200 квалификувани (внатрешни и хонорарни) преведувачи со значајно работно искуство и препораки, кои се специјализирани во различни области на експертиза. Нашата цел е да создадеме точен, автентичен, верен на оригиналот и лесно разбирлив превод, комбинирајќи ги модерните организациски концепти, вештини и нови технологии. Ние обезбедуваме квалитетни услуги на задоволство на нашите клиенти. Сите преведувачи/толкувачи со кои соработуваме се дипломирани филолози, овластени судски преведувачи, обучени во CAT вештини како што се Wordfast и Trados и имаат повеќегодишно преведувачко искуство. Преведувачите се избираат преку ригорозен процес на селекција, така што можеме да го гарантираме нивниот квалитет, стручност, доверливост и почитување на професионалната етика.
Нашите клиенти се владини институции како што се: Секретаријатот за европски прашања, Македонската академија на науките и уметностите, Заедницата на единиците на локалната самоуправа- ЗЕЛС, бројни приватни компании, адвокати, нотари и физички лица. Во нашите клиенти се вбројуваат и компании од странство.
Момент мал врши преводи од странски на македонски јазик и обратно. Ви нудиме превод од и на следниве јазици:
Англиски Албански
Арапски Бошњачки
Бугарски Германски
Грчки Дански
Италијански Кинески
Полски Романски
Руски Словачки
Словенечки Српски
Турски Украински
Унгарски Француски
Холандски Хрватски
Црногорски Чешки
Шведски Шпански
* и други јазици на барање
Исто така, вршиме превод од странски на странски јазик, стручно читање, лектура на текст од овластени лектори.
**********************************************************
Во рамките на Центарот за странски јазици Момент мал функционира и училиштето за странски јазици Момент мал, вршејќи едукација на деца (од предучилишна возраст, основно и средно училиште), студенти и возрасни. Момент мал организира и курсеви специјализирани според потребите на кандидатот, индивидуална настава, подготовка за испитите: FCE, CAE, CPE, TOEFL, IELTS…
Момент мал организира курсеви по деловен англиски за фирми.
Наставата ја вршат квалитетни кадри – дипломирани професори по соодветниот јазик.