20/04/2026
✅ Успешна реализација на настанот посветен на една од најважните теми во современото општество – еднаквоста и достоинството на работното место.
Дискриминацијата и вознемирувањето во сферата на работните односи не се само правна терминологија, туку реални состојби со кои многумина, за жал, се соочуваат во секојдневниот живот.
⚖️Преку инспиративни излагања и практична работа, учесниците имаа можност да се запознаат не само со правната регулатива, туку и да научат како да ги распознаат ваквите дејствија, соодветно да реагираат и ефикасно да се заштитат.
Додадената вредност на овој настан беше интерактивниот дел каде студентите активно анализираа конкретни случаи и судска практика.
💫Им благодариме на:
- проф.д-р Aleksandar Ristovski за иницијативата и несебичниот ангажман околу организацијата и координацијата на гостите-предавачи,
- истакнатите говорници за пренесеното знаење и искуство, г-дин Душан Томшиќ, претседател на ДКСЗД и г-дин Горан Нешевски од Стручната служба на Комисија за спречување и заштита од дискриминација, и г-ѓа Aleksandra Palashevska, судија во Основниот граѓански суд Скопје,
- како и на студентите од Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје за активното учество, критичкото размислување и енергијата што ја внесоа во дискусијата.
Овој настан уште еднаш потврди дека правото не е само норма, туку моќна алатка за заштита на човековото и работничкото достоинство и за градење поправедно општество.