11/08/2023
🧩 Ја подобрува концентрацијата и го зголемува насоченото внимание на детето;
🧩 се развиваат фините моторни вештини;
🧩тематските сложувалки (со овошје, зеленчук, превозни средства, животни…) се извор на информации за светот кој го опкружува детето. При склопување на сложувалката се влијае стимулативно и на развојот на говорот.
🧩се подобрува визуо-моторната координација (координацијата помеѓу раката и очите);
🧩 се подобрува помнењето;
🧩 ја подобрува просторната ориентација;
🧩 помага во учење на геометриски форми.
Прилагодување на сложувалките според возраста:
📌 2-3 години: се применуваат сложувалки од омилени ликови од цртан филм, музички инструменти, професии и превозни средства.
📌 4-5 години: сложувалки различни по боја, но слични по форма или теми со букви и бројки.
📌 над 6 години: сложувалки кои бараат логично размислување, исти по боја, различни по форма.