04/06/2026
Обединети четири училишта, 50 ученици и сплотени две култури!
По повод 250-годишнината на Америка, American Corner Skopje го донесоа култниот бродвејски мјузикл „The Music Man Jr.“ од Мередит Вилсон — добитник на шест Tony Awards! 🌟
Мјузиклот го изведуваат ученици од средните училишта СУГС гимназија „Никола Карев“, СУГС „Георги Димитров“, СУГС „Орце Николов“ и СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“.🎭✨
Режијата и подготовката на претставата се на професорите Jasmina Belicanska , Марина Лотеска Иванова и Миле Наумовски, со асистенција во кореографијата и режијата од ученичките Александра Митеска и Калина Стипцарова.
Мјузиклот имаше две успешни изведби во Драмски театар – Скопје и наиде на одличен прием кај публиката. Последната изведба ќе се одржи на 5 јуни во Домот на културата во Битола.
Огромно браво и честитки за сите професори и ученици кои работеа на реализацијата на овој проект! Со својата посветеност, талент и енергија, тие ѝ приредија на публиката вистински бродвејски спектакл и незаборавно уживање. 🎉👏👏👏 🎉