17/06/2022
📣 СТИПЕНДИРАНИ ОБУКИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ👇
Македонската компанија FX3X, која постои веќе 25 години и е дел од сите големи филмски проекти на Холивуд, во партнерство со врвно светско студио за визуелни ефекти и анимација обезбедува стипендии во вредност од по 3.000 € за специјализирани професионални обуки на 60 најдобри кандидати со цел директно вработување.
ОБЛАСТИ: Обуките ќе се реализираат во две главни области, и тоа Визуелни ефекти и 3D моделирање со 450 часа предвидени за предавања и 100 часа предвидени за практични вежби и самостојна работа.
МЕНТОРИ: Обуките ќе ги реализираат домашни и странски ментори и експерти со долгогодишно практично искуство на најдобрите проекти во индустријата, а ќе содржат и совети и искуства за промените и новостите кои ги наметна Covid19 пандемијата.
ТЕРМИНИ: 1 септември 2022 - 15 јануари 2023, од 10:00-14:00 или 17:30-21:30, понеделник-петок
ФОРМАТ: Обуките ќе се одржуваат во живо, со можност учесници надвор од Скопје да следат дел од програмата онлајн.
РЕДОВНА ЦЕНА: 3.680 евра
СТИПЕНДИЈА: 3.000 евра за избраните кандидати со сериозен интерес да се посветат на обуките и да градат кариера во Fx3x
ПАРТИЦИПАЦИЈА: 680 евра (на 6 до 8 рати за ран упис)
📣 ВКЛУЧЕНО: За сите кандидати кои редовно и успешно ќе ги завршат обуките и ќе го положат финалниот тест ќе биде обезбедено работно место 🧑🎨 🧑💻 во Fx3x, со можност за натамошен напредок во кариерата, како и интернационална кариера и во рамки на партнерската компанија од светски ранг.
14/06/2022