14/09/2021
https://umno.mk/uspesniot-producent-vo-srbija/
Успешниот продуцент во Србија Јорданчо Петковски работи на новиот филм на легендата Слободан Шијан
Најмногу би сакал да сум дел од копродукција помеѓу Македонија и Србија. Секогаш кога сум во можност, се обидувам уметниците од сите сектори на македонската филмск....
04/06/2021
Матеа Киселичка – добитник на „МЕНАДА за млад уметник 2021“
Киселичка во моментов работи како универзитетски професор по современ танц на Универзитетот за музика „Зеџијанг“ во Ханџо, Кина.
27/03/2020
По повод ДЕНОТ НА ЕВРОПА, Интернационалниот универзитет ЕУРОПА ПРИМА – Скопје, во соработка со Европската асоцијација на професори и Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје, распишува:
КОНКУРС
за најдобри аудиовизуели и литературни остварувања
посветени на
9 Мај – Денот на Европа.
На конкурсот може да се пријават дела од следниве области:
- Литература (Поеми, кратки литертурни состави и раскази)
- Фотографија (Дигитална фотографијаи графички дизајн )
- Анимација (Анимирани видео соржини)
- Филм (Видео од дигитални и мобилни уреди)
- Композиција (Музички дела)
Конкурсот е првенствено наменет за матурантии средношколци, но може учествуваат и автори од други возрасти.
За секоја од петте области ќе се доделат: прва, втора и трета награда.
Наградите во сите области се состојат од диплома, вредносен пакет (книги) и парична награда во износ: за прва награда – 10.000 денари, за втора награда – 7.000 денари и за трета награда – 5.000 денари.
Освен тоа, Интернационалениот универзитет ЕУРОПА ПРИМА, ќе додели и 10 стипендии во форма на вредносни ваучериво висина од по 1000 евра, за студии на следните катедри: Филмска и ТВ режија, Камера, Монтажа, Анимација,Продукција, Фотографија, Филм и дигитални медиуми, Виртуелна реалност и видео игри, Звучен инженеринг, Музичка продукција, Драматургија, Актерска игра, Театарска режија, Композиција, Вокална интерпретација, Музички инструменти.
Делата треба да се испраќаат исклучиво во дигитална форма на следната емејл адреса: [email protected], со назнака: „За награден конкурс9 Мај – Денот на Европа“.
Конкурсот трае заклучно со 25 април 2020 година.
Творбите доставени по истекот на рокот наведен во Конкурсот, нема да се разгледуваат.
Свеченото доделување на наградите ќе се изврши на Денот на Европа - 9 мај 2020 година, а добитниците на наградите ќе бидат објавени на веб страната на универзитетот
www.europaprima.com
20/03/2020
ИЗВЕСТУВАЊЕ
До Ректорот, Прорекорот, Деканите, Професорите и Студентите на УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА АУДИОВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ Скопје (ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЕВРОПА ПРИМА)
Во врска со тековната вонредна состојба, Ве известувам дека од среда 25.03.2020 годќе започне да се одвива настава по сите предмети преку интернет врска со помош на софтверот „ZOOM“.Линкот ќе биде доставен до сите учесници во наставата прекуелектронска пошта од администраторот Александар Терпини, најдоцна до вторник 24.03.2020 год. Електронската порака ќе содржиупатство за начинот на кој што треба да го инсталирате софтверот „ZOOM“и како да се поврзете за непречено да ја следите наставата.
Кодот за следење на наставата на соодветниот предмет до студентите ќе биде испратен од наставниот професор.
Во случај на потешкотии при поврзувањето можете да ги контактирате професорите Милчо Узунов и Слободан Таневски или соодветните наставни професори.
Настава треба да се одвива во важечките термини од постоечкиот распоред, според распоред на часови кој беше истакнат на Универзитетот пред вонредната состојба.
Наставата е задолжителна за сите студенти и мора да се води евиденција за присутноста на студентите. Истата може да трае максимално 40 минути/ наставен час.
Ве молам за сериозност и одговорност и во овој тип настава, бидејќи присуството и учеството на студентите на online часовите на ниво на целиот универзитет ќе се оценува како неформално образоване со значителен удел во целокупната формална оцена на секој студент. Колкав ќе биде уделот дополнително ќе биде дефинирано според времетраењето на вонредните услови (што значи во најлош случај и несакани околности уделот може да биде и 100%).
Ви посакувам пријатна работа и добро здравје на сите,
Проректор за настава
Проф. Миле Петковски
19/03/2020
С О О П Ш Т Е Н И Е
Почитувани ,
Ве известуваме дека нашиот универзитет, согласно најновите мерки спроведени од страна на Владата по однос на состојбата со вирусот COVID – 19 ги превзема сите неопходни активности во интерес на општото здравје на студентите и наставниците.
Во таа насока, во тек се финалните подготовки за организирање на онлајн настава. Студентие ќе ги добијат потребните инструкции и ќе бидат известени за начинот и теримините на предавањата.
Нашиот универзитет доследно ќе ги почитува сите законски одредби и препораки и навремено ќе известува за сите промени, согласно развојот на
04/02/2020
Почитувани,
Ве известуваме дека на ден четврток, 6 февруари, 2020 во Аула 1 ќе се одржи инфо ден за програмата Erasmus Plus. Настанот ќе го води претставникот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Астрит Реџепи, од кого ќе можете детално да се информирате за сите можности кои ги нуди програмата, и тоа:
од 12-13 часот за студенти, и
од 13-14 часот за професори.
04/11/2019
ЕВРОПСКИ КУЛТУРЕН КАРАВАН НИЗ МАКЕДОНИЈА
ЕВРОПСКИ КУЛТУРЕН КАРАВАН НИЗ МАКЕДОНИЈА