ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” State Music and Ballet Education Centar Skopje

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” State Music and Ballet Education Centar Skopje

ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” State Music and Ballet Education Centar Skopje School

Последниот од јунските концерти на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ е пред нас, но не е и последниот настап на нашите учениц...
05/06/2026

Последниот од јунските концерти на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ е пред нас, но не е и последниот настап на нашите ученици.

По низата успешни концерти, ве покануваме на уште една музичка вечер исполнета со талент, посветеност и љубов кон уметноста.

08.06.2026 година
20:00 часот
Национална опера и балет

Нашите ученици и понатаму продолжуваат со бројни активности и настапи и по 10 јуни. За нив ќе информираме во следните објави.

Ве очекуваме заедно да ја заокружиме оваа концертна низа со уште една незаборавна вечер.

За секој млад музичар, можноста да биде препознаен и поддржан од институција како Филхармонија е мотив повеќе да истрае ...
05/06/2026

За секој млад музичар, можноста да биде препознаен и поддржан од институција како Филхармонија е мотив повеќе да истрае на патот на уметноста, знаењето и извонредноста. Токму затоа оваа соработка ја доживуваме како инвестиција во иднината на македонската музичка култура и во генерациите кои допрва ќе ја создаваат.
Убеден сум дека со оваа можност создаваме вредности кои ќе остават траен белег во образованието и културниот живот на нашата држава.
Во име на училиштето, изразувам длабока благодарност до Филхармонија за довербата, поддршката и подготвеноста за заедничко дејствување во интерес на младите уметници.
Кога институциите што ја градат културата ги здружуваат своите сили, добиваат учениците, добива уметноста и добива целото општество.
Честитки на сите ученици од Државните музички училишта кои настапија. Македонија може да се гордее со сите вас.

Нов ден, нов концерт. Денес солисти со Филхармонија. Сон на секој ученик. Повелете, влезот е слободен. Стефан Трајановск...
04/06/2026

Нов ден, нов концерт. Денес солисти со Филхармонија. Сон на секој ученик. Повелете, влезот е слободен.

Стефан Трајановски
саксофон
Владимир Трајановски

Дует - Јована Јанкулоска II год. и Деница Дена Симјаноска
соло пеење
м-р Наташа Еленова / м-р Гонца Богоромова Краповски

Александар Ицковски
виолончело
Александра Јаневска

Матеј Зимбаков
контрабас
Дејан Митровиќ

Ева Малиновска
виолончело
Маре Видевска

Ива Амелија Микулчиќ
пијано
Билјана П. Таковска

Ада Богоевска
виолончело
Александра Јаневска

Програма: В. А. Моцарт: Концерт за пијано и оркестар во де-мол K466, I став

Концерт бр. 3 е пред нас!Вечерва сцената им припаѓа на учениците од Вокално-инструменталниот оддел – млади солисти, вирт...
03/06/2026

Концерт бр. 3 е пред нас!

Вечерва сцената им припаѓа на учениците од Вокално-инструменталниот оддел – млади солисти, виртуози на своите инструменти и таленти кои со години посветено ја градат својата уметност.

Ве очекува вечер исполнета со врвни изведби, емоции и музика што зборува без зборови.

03.06.2026
20:00 часот
Музеј на македонската борба за самостојност и државност

Добредојдовте да ги поддржиме нашите млади уметници!

Концерт бр.2 од серијата јунски завршни концерти.
01/06/2026

Концерт бр.2 од серијата јунски завршни концерти.

1.06.2026, 20:00, Национална Опера и Балет. Стартуваме.
31/05/2026

1.06.2026, 20:00, Национална Опера и Балет. Стартуваме.

Завршни концерти на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – вечери исполнети со музика, традиција, емоција и младешка енергија.01...
31/05/2026

Завршни концерти на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – вечери исполнети со музика, традиција, емоција и младешка енергија.

01.06.2026 (понеделник) | 20:00 часот
Национална Опера и Балет
„Традициски играч-пејач“
Јубилеен концерт по повод 25 години постоење на одделот за традиционална музика и игра. Настапуваат сегашни и поранешни ученици – денес професионалци во НУ „Танец“.

02.06.2026 | 20:00 часот
Национална Опера и Балет
Концерт на класичен балет

03.06.2026 | 20:00 часот
Музеј на македонската борба за самостојност и државност
Концерт на вокално-инструменталниот оддел

Овие концерти се доказ дека љубовта кон уметноста се гради со труд, посветеност и многу срце.
Дојдете да ги поддржиме младите уметници и заедно да уживаме во музиката, играта и талентот.

Ве очекуваме!

За учениците во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и нивните наставници – нема празник, нема викенд, а 10 јуни не е ден за рас...
29/05/2026

За учениците во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и нивните наставници – нема празник, нема викенд, а 10 јуни не е ден за распуст како за сите други.

Кога е закажан концерт, нема пауза.
Има проби, подготовки, корекции, трема, посветеност и огромна љубов кон музиката и уметноста.

Зад секој настап стојат часови работа, откажувања, дисциплина и многу вложен труд од учениците, наставниците и корепетиторите.

Публиката гледа два часа магија на сцена.
Ние знаеме колку месеци труд стојат зад тие два часа.

Така се создава уметност. Така се создаваат идни уметници.

По Горан Стефановски — следува Шекспир.
Од македонската современа драматургија до безвременската светска класика, нашите ученици повторно покажуваат дека уметноста нема граници.

Историски ден за ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“!Со огромна чест, радост и искрено воодушевување Ве информираме дека ДМБУЦ ...
28/05/2026

Историски ден за ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“!

Со огромна чест, радост и искрено воодушевување Ве информираме дека ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и Македонската Радио Телевизија потпишаа меморандум за соработка во наредните 3 години, со можност ова партнерство да продолжи и во следните 3 години.

Ова не е само административен договор — ова е големо признание за квалитетот, посветеноста и уметничката вредност што нашето училиште со децении ја создава и ја подарува на македонската културна сцена.

Преку оваа соработка, МРТ ќе врши снимање и медиумско покривање на концертите и настаните на училиштето, но уште поважно — заеднички ќе работиме на подигнување на свеста за значењето на музичката и балетската едукација кај младите генерации, афирмација на уметноста и негување на вистинските културни вредности.

Особено нè радува што веднаш по потпишувањето на меморандумот, за само неколку часа беа потврдени снимањата на следните наши концерти:

🎶 1.06. – Јубилеен концерт „25 години Традициски играч-пејач, со настапи и на многу наши поранешни ученици, денес истакнати уметници и раководители.“
🩰 2.06. – Балетски концерт основно
🎼 3.06. – Концерт на вокално-инструменталниот оддел
🩰 8.06. – Балетски концерт средно, класичен и модерен балет

Ова претставува уште една потврда дека трудот, талентот и успесите на нашите ученици и наставници добиваат заслужено национално внимание.

Голем ден за нашето училиште, за нашите ученици, наставници, родители, поранешни ученици и за македонската култура.

Продолжуваме уште посилно, уште похрабро и уште подостоинствено да ја претставуваме уметноста и младите таленти на Македонија.

Да ни е со среќа!

Македонската Радио- телевизија ги отвора вратите за младите и надежните уметници од средното училиште „Илија Николовски- Луј“. Цел на меморандумот за соработка- п...

Вечерва се одржа годишниот концерт на одделот за жичани инструменти 🎻🎶 Честитки до сите млади музичари за прекрасните на...
27/05/2026

Вечерва се одржа годишниот концерт на одделот за жичани инструменти 🎻🎶 Честитки до сите млади музичари за прекрасните настапи и до колегите професори за нивната неуморна поддршка и менторство!
Дел од атмосферата погледнете низ фотографиите во продолжение

Address

Улица Црвена скопска општина бр. 4
Skopje
1103

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” State Music and Ballet Education Centar Skopje posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category