23/10/2025
Анатолиј Левитин, руски писател и историчар, со години престојувал во сибирскиот Гулаг, во кој се чинело дека молбите упатени до Бога остануваат замрзнати вземи. Меѓутоа, тој сепак се вратил духовно жив. „Молитвата е чудо над чудата“, пишува Левитин. „Сè што требаше да направам беше во мислите да се свртам кон Бога. Веднаш ја почувствував силата што проникнуваше во мојата душа, во целото мое битие. Што е тоа? Психотерапија? Не, тоа не беше психотерапија, инаку зошто јас, безначаен старец, уморен од животот, би добивал сила која ме обновува и спасува издигнувајќи ме над земната стварност? Нејзиниот извор не е во мене и нема сила на светов која би можела да ѝ се спротивстави“.
Бог се спуштил до нашето ниво и станал сличен на нас за да нè поучи како да живееме и да бидеме среќни, и навистина да согледаме каков е Тој.