25/08/2026
Денес, Ви даваме одговори на најчесто поставуваните прашања при упис во ЕМЦ Наши ноти.
Воедно ве информираме дека уписите на нови членови се веќе отворени.
1.Што можам да изучувам во ЕМЦ Наши ноти?
- кавал, гајда, зурла, тамбура, тапан
- хармоника, кларинет,саксофон, гитара
- пијано
- пеење ( традиционално или популарни жанрови
- солфеж, теорија на музика, хармонија
2. Како се одвива наставата во ЕМЦ Наши ноти?
- Редовната настава за било кој инструмент се одвива преку индивидуални часови во времетраење од 45мин.
-Групните часови се организирани во форма на оркестар, пејачка група или група на ученици на иста возраст ( солфеж, теорија на муз). Овие часови се реализираат по договор со учениците.
3. Наставниот кадар го сочинуваат?
Robert Angelovski
Andrej Trajkovski
Oliver Nastovski Batka
Mila Treneska
Vlatko Terziski
4. Дали се учи по ноти?
-Да, редовната настава се одвива преку утврдена наставна програма, која се реализира со познавање на нотното писмо.
-исто така се употребува и учењето по слух во зависност од можностите и потребите на ученикот.
5. Дали треба да се носи сопствен инструмент за време на часовите?
-Се препорачува особено за дувачките инструменти.
- Во нашите простории имаме голем број на инструменти кои служат за непречена реализацијата на часовите. За сите ученици на располагање ги имаме инструментите кои се во наша сопственост.
6. Каде се наоѓате?
- Видое Смилевски Бато 41- Аеродром- Ново Лисиче ( во близина на улица Тоше Проески)
-с.Булачани, во склоп на седиштето на Ф.А.Седенка
- Ѓорче Петров - во склоп на црквата "Св.Атанасиј".
7. Колку изнесува месечната членарина?
- Месечната членарина зависи од бројот на реализирани часови во текот на месецот.
Задолжителната месечна членарина изнесува 2000 ден.
8. Дали организирате концерти и јавни настапи?
-Да, секако, тоа е еден од нашите главни приоритети. Во нашата годишна програма предвидени се зимски и летен камп, годишни завршни концерти на кои учествуваат сите ученици, натпревари, јавни настапи, соработки со познати уметници, гостување на манифестации во склоп на програмата.
9. На која возраст е најдобро да се започне, од колку години примате нови ученици и дали е потребно претходно познавање?
- Идеалната возраст е 8-9 год.
- Најниската граница е 5-6год, највисоката...😃
- Не е потребно претходно познавање, доволно е да се има желба и секако талент❤️
10. Дали може да ве заследиме на социјалните мрежи?
ФБ- Edukativen Muzicki Centar "Nashi Noti"
Инста: emc.nasinoti
Се радуваме на сета ваша поддршка, љубов и доверба кои ни ги давате. Преку 120 ученици моментално го сознаваат светот на музиката а низ нашите врати во овие изминати 5 години поминаа преку 150 ученици. Горди сме на секој наш ученик, се радуваме на секој заеднички успех.