Славистика ФлФ УкиМ

Славистика ФлФ УкиМ Катедра за славистика, Филолошки факултет „Блаже Конески, УКИМ, Скопје

Вчера Катедрата за славистика при Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје – УКИМ беше почестена со посетата на полск...
14/05/2026

Вчера Катедрата за славистика при Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје – УКИМ беше почестена со посетата на полската авторка за деца Ана Пашкевич 📚

Во разговор со студентите и професорите се отворија интересни теми за тоа како детската книжевност може да се користи во наставата по странски јазици, како и за предизвиците при преводот на нејзината книга „Три желби“ во превод на проф. д-р Lidija Tanusevska, во издание на АНТОЛОГ - Книжевен центар од Скопје.

Cредбата помина во пријатна и инспиративна атмосфера, со многу разговори за книжевноста, јазикот и преведувањето.

Претставнички од Катедрата за славистика присуствуваа на свечениот пијано рецитал по повод Националниот ден – 3 Мај, Уст...
12/05/2026

Претставнички од Катедрата за славистика присуствуваа на свечениот пијано рецитал по повод Националниот ден – 3 Мај, Уставот на Полска, што се одржа во Филхармонијата на Република Македонија.

Публиката имаше можност да ужива во прекрасни изведби на дела од Фредерик Шопен и други истакнати полски композитори, во интерпретација на пијанистот Павел Ковалски.

Посебно изненадување на вечерта беше изведбата на филмска музика од култните филмови на Кшиштоф Кишловски, Анджеј Вајда и Роман Полански, што на концертот му даде дополнителна емоција и уметничка длабочина.

Ambasada RP w Skopje / Амбасада на Република Полска во Скопје

#катедраславистика #флфукиммк #флфблажеконески #студирајнафлф #студирајславистика #славистикафлфуким

11/05/2026
06/05/2026
28/04/2026

📚✨ Петтиот ден на Саемот на книга помина во одлична атмосфера и во знакот на една значајна промоција!

Покрај убавите средби со нашите постојани читатели, на нашиот штанд се одржа промоцијата на монографијата „Македонска зоонимска фразеологија во словенски контекст“.

🎤 Со авторките Катерина Велјановска и Биљана Мирчевска Бошева разговаравме за нивната истражувачка „приказна“ и за тоа како започнал нивниот интерес за зоонимите, ни за мотивот токму ова поле да биде во фокусот на нивната работа.

🐾 Отворивме и прашања за тоа колку е истражена зоонимската фразеологија во македонскиот јазик, кои животни имаат најсилно присуство во фразеологијата и што тие ни откриваат за нашата култура, менталитет и колективни претстави.

📖 Разговаравме и за предизвиците во собирањето и анализата на материјалот, како и за улогата на стереотипите и културолошките модели во создавањето на овие изрази.

Ви благодариме што сте дел од нашата книжевна и научна приказна! 💫

#СлавикаЛибрис #ЧитајРазлично #СаемНаКнига #славикалибрис #саемнакнига2026

27/04/2026

🌍 Во текот на четвртиот ден од Саемот на книга одржавме и кратка книжевна средба посветена на преводот — „Што се губи, а што се добива во превод?“

Разговаравме за тоа како една книга патува од еден јазик до друг, што се случува со ритамот, хуморот и нијансите, и како преводот, како тивка, но суштинска работа, ѝ дава нов живот на книгата на македонски јазик.

💬 Понекогаш токму тие кратки разговори оставаат најдлабока трага.
Ви благодариме што го правите нашиот штанд место на средби, блискост и љубов кон книгата! 💫

#СлавикаЛибрис #Превод #СаемНаКнига #ЧитајРазлично

26/04/2026

📚✨ Третиот ден на Саемот на книга помина во знакот на авторската средба со чешкиот писател Јиржи Хајичек.

Со авторот водевме жив и искрен разговор, во кој се допревме до световите на неговите книги, процесот на пишување, создавањето на ликовите и нивната силна човечка димензија, како и инспирацијата што стои зад неговото творештво.

Зборувавме за просторот и припадноста, за тишините меѓу луѓето и за суптилните емоции што ги носат неговите приказни .

💬 Публиката активно се вклучи, што ѝ даде на средбата посебна топлина и динамика.

🙏 Голема благодарност до CzechLit - České literární centrum и Czech Embassy in Skopje за поддршката и можноста да ја реализираме оваа средба со авторот во рамки на Саемот.

Ви благодариме што бевте дел од оваа убава книжевна приказна! 💫

#саемнакнига2026 #СлавикаЛибрис #читајразлично #славикалибрис

🎉Среќна Нова 2026 година!🍀Нека ви биде исполнета со радост, љубов и незаборавни моменти со најблиските.👩‍🎓Ви посакува Ка...
31/12/2025

🎉Среќна Нова 2026 година!
🍀Нека ви биде исполнета со радост, љубов и незаборавни моменти со најблиските.
👩‍🎓Ви посакува Катедра за славистика, ФлФБлК, УКИМ
@следачи
#флфблажеконески #славистикафлфуким #флфукиммк #студирајнафлф #студирајславистика #катедраславистика #Славистика #ФЛФ #УКИМ

🇨🇿 Přejeme Vám šťastné a veselé Vánoce a hodně zdraví, lásky a úspěchu v Novém roce!!! 🎄✨🇵🇱 Życzymy Wesołych Świąt Bożeg...
24/12/2025

🇨🇿 Přejeme Vám šťastné a veselé Vánoce a hodně zdraví, lásky a úspěchu v Novém roce!!! 🎄✨
🇵🇱 Życzymy Wesołych Świąt Bożego Narodzenia oraz zdrowego, pełnego miłości i sukcesów Nowego Roku!!! 🎄✨
🇸🇮 Želimo vam vesel božič ter zdravo, ljubeče in uspešno novo leto!!! 🎄✨
🇭🇷 Želimo Vam sretan i čestit Božić te puno zdravlja, ljubavi i uspjeha u Novoj godini!!! 🎄✨

#студирајнафлф #флфблажеконески #катедраславистика #славистикафлфуким #студирајславистика #флфукиммк

Address

Гоце Делчев 9А
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 15:00
Tuesday 08:30 - 15:00
Wednesday 08:30 - 15:00
Thursday 08:30 - 15:00
Friday 08:30 - 15:00

Telephone

+38923240423

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Славистика ФлФ УкиМ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Славистика ФлФ УкиМ:

Shortcuts

Share

Category