23/05/2026
Стоматолошки факултет - Скопје
Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје Стоматолошки факултет - Скопје
Ss. Cyril and Methodius University in Skopje Faculty of Dentistry - Skopje
Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' - Скопје Стоматолошки факултет - Скопје
23/05/2026
22/05/2026
✨Како поканет предавач од страна на деканот, проф. д-р Владимир Биочанин, на ден 21.05.2026 година, Проф. Билјана Евросимовска одржа предавање со наслов „Решавање на предизвиците: Напредни технологии во ефикасниот менаџмент на периимплантитис“ на Стоматолошкиот факултет во Панчево, Србија.
🎓Предавањето беше наменето за студентите од петта година на студии, како и за специјализантите на Катедрата за орална хирургија и имплантологија.
🦷Наредниот ден, проф. Евросимовска и проф. Даниела Велеска-Стефковска беа запознаени со просториите каде што се одржува наставата за студентите, како и со вежбалните и лабораториите за истражување кои се снабдени со најнова технолошка опрема.
🇲🇰 🇷🇸 Со оваа посета, успешната соработка меѓу двата факултета продолжува и понатаму.
19/05/2026
16/05/2026
Со големо жалење ги известуваме нашите студенти, колеги и соработници на Стоматолошкиот факултет – Скопје, дека денес, на 16.5.2026 година, тивко и ненадејно не напушти и замина проф. д-р Катарина Дирјанска, редовен професор на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје – Стоматолошки факултет во Скопје.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 17.5.2026 година, во капелата на градските гробишта во Бутел, од 13.30 до 14.30 часот.
05/05/2026
Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје и EIT Jumpstarter со можности за младите студенти и постдипломци – Стоматолошки факултет – Ско 05МајFacebookTwitterGoogle+LinkedInPinterest Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје и EIT Jumpstarter со можности за младите студенти и постдипломциBy Stomatoloski Fakultetin Новости2 Центар ...
30/04/2026
Нашите студенти Ферхад Ѓул и Бојана Георгиевска со прво место на 64. Конгрес на биомедицински науки во Србија 🏆
Со огромна гордост ја споделуваме веста за успехот на нашите студенти, Ферхад Ѓул и Бојана Георгиевска, кои го освоија првото место во сесијата „Орална, максилофацијална хирургија и ОРЛ 2“ на престижниот во Србија кој се одржа од 24.04.2026 до 28.04.2026 на Копаоник.
Овој успех е плод на темелна истражувачка работа. Пациентите вклучени во истражувањето беа болнички пациенти оперирани на Универзитетската клиника за хирургија на лице, вилици и врат – Максилофацијална хирургија „Академик Илија Васков“ во Скопје. Лабораториските анализи беа извршени со поддршка на Научно-истражувачкиот центар и Биохемиската лабораторија при Стоматолошкиот факултет во Скопје.
Трудот беше изработен под стручно менторство на Доц. д-р Санела Идоска од Катедрата за максилофацијална хирургија при Стоматолошки факултет во Скопје и коменторство на м-р д-р Мартина Анастасовска. Упатуваме благодарност и до Деканот на Стоматолошкиот факултет Проф. д-р Соња Апостолска како и до сите наставници и соработници кои помогнаа во реализацијата на ова истражување.
Упатуваме искрени честитки до Ферхад и Бојана за нивната посветеност, знаење и достојното претставување на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ вон границите на нашата држава!🥇🦷✨
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the school
Telephone
Website
Address
Мајка Тереза 43
Skopje
1000
Opening Hours
| Monday | 07:00 - 16:00 |
| Tuesday | 07:00 - 16:00 |
| Wednesday | 07:00 - 16:00 |
| Thursday | 07:00 - 16:00 |
| Friday | 07:00 - 16:00 |