Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје

Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје Високообразовна, научна и јавна установа од областа на филолошките науки.

📌 Ви ја споделуваме програмата за II Меѓународна конференција: „Мит и драма: кризи, граници, другости“.
17/09/2026

📌 Ви ја споделуваме програмата за II Меѓународна конференција: „Мит и драма: кризи, граници, другости“.

27/08/2026
04/08/2026

📢Добро, ќе учиш јазик. А, што потоа? Што ќе правиш откако ќе дипломираш?
Време е да ги срушиме старите митови. Дипломата од ФЛФ не е само за во училница!
Нашите студенти денес се успешни преведувачи, автори на содржини во маркетинг агенции, ПР експерти, новинари и координатори во меѓународни организации. Во ера на дигитална комуникација, јазичната писменост и критичкото размислување се најбараните вештини на пазарот.
Твојата иднина зборува многу јазици. Погрижи се да ги знаеш! 🌍
Информирај се на flf.ukim.mk.

📢Во периодот од 24 до 26 јули 2026 година, делегација составена од претставници од повеќе факултети во рамките на Универ...
28/07/2026

📢Во периодот од 24 до 26 јули 2026 година, делегација составена од претставници од повеќе факултети во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, предводена од проф. д-р Лазо Пендовски, проректор за финансии, известиции и развој, учествуваше на 15. издание на Универзитетскиот саем за образование (EKET University preference fair) кое се одржа во Истанбул, Република Турција.

📌На овој многу важен промотивен настан, на кој земаат учество над 200 високообразовни институции од регионот, од Источна и Западна Европа, од Азија и од Блискиот Исток, Филолошкиот факултет имаше можност на заинтересираните посетители да им ги претстави своите студиски програми на сите три циклуси, а особено кратките стручни програми за изучување на македонскиот и на англискиот јазик, кои на странските студенти им овозможуваат да се здобијат со познавања од
македонскиот и од англискиот јазик, за потоа да можат да ги реализираат своите студии на другите факултети во рамките на УКИМ.

🌍Отворете ги вратите кон светот!Запишете се на студиската програма „Применети странски јазици“ и стекнете знаења што отв...
13/07/2026

🌍Отворете ги вратите кон светот!
Запишете се на студиската програма „Применети странски јазици“ и стекнете знаења што отвараат можности за успешна меѓународна кариера. 🎓
📌Прв уписен рок: 18 и 19 август 2026 година.

📌Од 1 до 3 јули 2026 година во Охрид се одржа состанок на координаторите на CEEPUS мрежата Slavic Philology and its Cult...
13/07/2026

📌Од 1 до 3 јули 2026 година во Охрид се одржа состанок на координаторите на CEEPUS мрежата Slavic Philology and its Cultural Contexts во која членува и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
На состанокот учествуваа 15 координатори од универзитетите-партнери во мрежата. Во текот на работните сесии беа разгледани досегашните резултати од функционирањето на мрежата, реализацијата на академската мобилност, како и можностите за нејзино понатамошно унапредување и проширување.
Особено значајно беше присуството на координаторите од универзитетите што ќе се приклучат на мрежата во академската 2026/2027 година. Состанокот претставуваше одлична можност тие непосредно да се запознаат со принципите на функционирање на CEEPUS програмата, организацијата на мрежата и добрите практики во реализацијата на академската соработка и мобилност.
Средбата уште еднаш ја потврди важноста на меѓународната соработка меѓу славистичките центри и придонесе за зацврстување на партнерствата и планирање на идните заеднички активности во рамките на мрежата.

📌На 6 Јули 2026 година Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ го посети делегација од Абу Даби Центарот за арапски јазик, ...
07/07/2026

📌На 6 Јули 2026 година Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ го посети делегација од Абу Даби Центарот за арапски јазик, предводена од Директорот, д-р Али Бин Тамим.
Целта на состанокот беше разгледување на можностите за соработка во доменот на образованието и разгледување на перспективите арапскиот јазик да се предава на Филилошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ.
👥Средбата беше организирана од МНР, а по иницијатива на Амбасадорот на РС Македонија во ОАЕ, неговата екселенција Абдулкадар Мемеди, кој даде низа предлози за академска соработка.

📢Доколку ве интересира светот на конференциското толкување и размислувате да ги продолжите студиите во оваа област, ве п...
06/07/2026

📢Доколку ве интересира светот на конференциското толкување и размислувате да ги продолжите студиите во оваа област, ве покануваме да ги разгледате нашите флаери и да дознаете повеќе за магистерската програма.

🎧 За дополнителна инспирација, споделуваме и линк до подкасти посветени на конференциското толкување, кои нудат интересни разговори, практични искуства и увид во професијата.

👉 https://flf.ukim.mk/promotivni-aktivnosti-konferencisko-tolkuvanje/

ПОСЕТА на студенти од Универзитетот во Задар📢Кон крајот на април, во рамки на програмата Еразмус, студентите по кроатист...
03/07/2026

ПОСЕТА на студенти од Универзитетот во Задар
📢Кон крајот на април, во рамки на програмата Еразмус, студентите по кроатистика од Универзитетот во Задар, предводени од проф. Вице Шуњиќ, го посетија Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Продеканката за меѓународна соработка проф. Руска Иванова-Наскова ги поздрави гостите, а проф. Станислава-Сташа Тофоска од Катедрата за македонски јазик и лекторот по хрватски јазик Марио Косовиќ одржаа средба со студентите.
👥На средбата, проф. Тофоска накусо ги запозна студентите со историјата на Факултетот и на Катедрата за македонски јазик. Притоа ја истакна и традицијата на изучување на
хрватскиот јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, кој уште од крајот на 1990-тите години се изучуваше во рамките на тогашната Катедра за македонски јазик и јужнословенски јазици, а денес во рамките на Катедрата за славистика. Беше претставен и континуитетот на соработката со универзитетите во Хрватска, заедничките научни проекти и конференции, како и можностите за студентска Еразмус-размена.

29/06/2026

🌍Дали сакаш врвно интернационално искуство, a global career et des projets internationaux bez wychodzenia z domu? Зошто да избираш помеѓу светот и дома, кога светот доаѓа на ФЛФ?
Имаме 11 катедри каде твојата љубов за јазици станува сериозна професија. Со поддршка од странски лектори и модерни програми, ова е единственото место каде што јазикот го живееш секој ден.
Уписите почнуваат наскоро! Не пропуштај ја шансата да студираш според светски стандарди.
Прочитај повеќе на flf.ukim.mk. 📖

Address

булевар „Гоце Делчев“ 9А
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје:

Shortcuts

Share